19 Јануари, 2025
0.0302

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

Објавено во: Свет 02 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Американската инфлуенсерка и пејачка Лорен Хевнер посетила 170 држави во светот и одвои 5 каде не би се вратила повторно. 

Објасни кои се недостатоците на тие 5 земји. 

Монако

Лорен рече дека била во Монако најмалку 20 пати, но дека земјата не е за неа. „Шетате по улиците и нема што да видите“, објасни Лорен, додавајќи дека ѝ недостигаат знаменитости во Монако. Таа истакнува и дека тамошните цени се превисоки.

Без разлика на недостатоците кои ги спомна, таа вели дека Монако е убав навечер и дека можеби повторно ќе се врати само поради тоа задоволство. Таа додаде дека смета дека Монако е прилично безбедна земја.

Гана

Втора е Гана во Западна Африка. Во видеото таа вели дека неколку пати го посетила главниот град Акра, но се пожали дека се чувствувала вознемирено. „Хаос, не е место за странци. Внимавав. Можеби беше параноја, можеби инстинкт, но не сакав да одам таму сама“, вели таа.

Таа за Дејли Мејл додала дека она што најмногу го памети од тој град е сиромаштијата.

„Невозможно е да се игнорира. Децата работат, продавниците се полни со увезена стока што некои не можат да си ја дозволат. Гана не е земја што треба да се види, туку да се разбере“, додаде таа.

Малезија

Таа ги посетила и тамошните варовнички пештери кои се популарна туристичка атракција. 

„Бев таму со група пријатели. Беше многу топло и сите бевме во шорцеви. Но, тогаш ги слушнавме правилата – жените мора да бидат покриени. Нивните колена и рамења да не се гледаат. Мажите? Тие можат да прават што сакаат“, објаснила таа. 

Лорен додала дека на влезот во пештерата купиле долги здолништа за 15 долари кои таму ги продавала една жена.

Инфлуенсерката вели дека главниот град на Малезија генерално не бил интересен. 

„Тоа е град од кој очекувате да ве импресионира, но никогаш не го прави тоа. Нема повторно да одам во Малезија. Беше добро, но не остави никаков белег“, изјави таа за "Daily Mail".

Канада

Лорен ја вклучила Канада во својата листа на земји кои не ја воодушевиле. Таа вели дека во Канада нема работи кои би можела да ги опише како негативни, но дека е премногу слична на Америка, па не ја заинтригирала.

„Исти продавници, иста атмосфера, само луѓето се однесуваат поубаво“, рече таа. 

Меѓутоа, она што навистина ѝ се допаднало во Канада, поточно во Квебек, е јадењето путин. Тоа е традиционално јадење од помфрит и урда прелиени со кафеав сос.

Франција

За крај, Лорен ја издвои Франција.

„Париз е преценет според мене. И Франција не е баш место каде што странците се пречекуваат со црвен тепих. Понекогаш може да се чувствувате како да сте налетале на ѕид“, објасни таа. 

Но, ја пофали храната во Франција. 

„Не е важно дали вечерате во ресторан со ѕвезда на Мишелин или земате багет од маалската пекара. Во Франција никогаш не се размислува за храна“, заклучила Лорен.

Можеби ќе ве интересира

ОВА СЕ ТРИТЕ ЖЕНИ КОИ ПРВИ ГИ ОСЛОБОДИ ХАМАС - првите три заложнички префрлени во Израел

ОВА СЕ ТРИТЕ ЖЕНИ КОИ ПРВИ ГИ ОСЛОБОДИ ХАМАС - првите три заложнички префрлени во Израел

ХАМАС СЕ ПРАВДА: Поради технички причини, Израел се уште не го доби списокот на заложници

ХАМАС СЕ ПРАВДА: Поради технички причини, Израел се уште не го доби списокот на заложници

МИСЛАМ ДЕКА Е ПОСООДВЕТНО АКО ОТИДАМ ТАМУ КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ - Трамп после инаугурацијата ќе ја посети опустошената од пожарите Калифорнија

МИСЛАМ ДЕКА Е ПОСООДВЕТНО АКО ОТИДАМ ТАМУ КАКО ПРЕТСЕДАТЕЛ - Трамп после инаугурацијата ќе ја посети опустошената од пожарите Калифорнија

„ОВАА ГОДИНА РАБОТИТЕ ЌЕ СТАНАТ УШТЕ ПОВОЗБУДЛИВИ“: Константин ќе добие братче за само неколку месеци - Курц се пофали, ќе има уште едно дете

„ОВАА ГОДИНА РАБОТИТЕ ЌЕ СТАНАТ УШТЕ ПОВОЗБУДЛИВИ“: Константин ќе добие братче за само неколку месеци - Курц се пофали, ќе има уште едно дете

ПОЧНУВА МАСОВНА ДЕПОРТАЦИЈА: И тоа во еден од омилените градови на Македонците во САД

ПОЧНУВА МАСОВНА ДЕПОРТАЦИЈА: И тоа во еден од омилените градови на Македонците во САД

ЛЕКАРИ НАД 65 ГОДИНИ ВО ЕУ: Која земја е лидер?

ЛЕКАРИ НАД 65 ГОДИНИ ВО ЕУ: Која земја е лидер?

НЕ САКААТ ДА БИДАТ АМЕРИКАНЦИ ИЛИ ДАНЦИ: Гренланд сепак ќе остане партнер на Вашингтон

НЕ САКААТ ДА БИДАТ АМЕРИКАНЦИ ИЛИ ДАНЦИ: Гренланд сепак ќе остане партнер на Вашингтон

ПУТИН РАЗГОВАРАШЕ СО ПАШИНЈАН: Дали Русија се заканува на Ерменија?

ПУТИН РАЗГОВАРАШЕ СО ПАШИНЈАН: Дали Русија се заканува на Ерменија?

И ШЕФОТ НА TIKTOK Е ПОКАНЕТ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП: Ќе седи меѓу ВИП гостите

И ШЕФОТ НА TIKTOK Е ПОКАНЕТ НА ИНАУГУРАЦИЈАТА НА ТРАМП: Ќе седи меѓу ВИП гостите