16 Април, 2024
0.0257

Porsche влегува во електричната ера со новиот Taycan

Објавено во: Мои пари 19 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber


Инвестициите од шест милијарди евра, 1.200-те нови вработени исклучиво за лансирањето на Taycan, тековниот развој на продукцијата Porsche 4.0 и неспоредливото кампањско знаење низ целата компанија претставуваат цврста заложба за електична мобилност на производителот на спортски автомобили кој е во тековен процес на овие големи промени, со што уште еднаш ја потврдува својата способност за заштита на својата иднина.

„Ние предвидуваме дека над 50 проценти од моделите на Porsche, испорачани од 2025 година, ќе бидат комплетно електрични возила”, вели Лутц Мешке, заменик председател на Извршниот одбор во Porsche. Ова ќе вклучи значителни инвестиции во областите како развој и производство, како и во обука на персоналот. „Покрај ефикасните процеси, и приходите од дигиталните производи и услуги, исто така треба зголемено да придонесуваат на нашиот економски успех”, вели Машке.

Пример за ефикасен пристап се новите објекти за производство и монтажа на Taycan, кои во моментов се градат како „фабрика во фабрика’’ во главниот објект во Зуфенхаузен. Овој развој го сигнализира потегот на Porsche да се оттргне од традиционалниот принцип на производство. Албрехт Рејмолд, член на Извршниот одбор одговорен за производство и логистика, објансува: „Со примена на производството на флексибилна линија, Porsche ќе стане првиот производител на возила кој користитранспортен систем без управување од страна на возачи во континуираниот сериски процес на производство.“

Ова ќе му овозможи на брендот на спортски автомобил да ги комбинира предностите на традиционалниот пристап на континуирано производство со флексибилност на различна монтажа. Исто така, ќе овозможи и зголемување на бројот на работни циклуси со користење на истиот простор. Следејќи го концептот на „паметно, зелено, ефикасно“, Porsche исто така, го следи производството кое не им штети на ресурсите.

Процесот на производство на Taycan е јаглеродно неутрален, со идна цел да воспостави целосна фабрика која нема да има влијание врз животната средина.

Тесните работни односи помеѓу мотоспортот и сериското производство нагласуваат колку е важно споделувањето на знаењата. Како и Porsche 919 Hybrid, кој има повеќе Ле Ман победи, Taycan се напојува со иновативна 800 V технологија. Ова беше една од најважните одлуки за 919, бидејќи нивото на напон ефикасно го поставува курсот за целиот електричен погон: од батеријата, преку изгледот на електрониката и електро моторите, па сè до капацитетот на процесот за полнење. При усвојувањето на пионерскиот пристап и специјалното развивање на соодветните 800 V компоненти, Porsche ги турна границите на она што е технички изводливо – вклучително и во однос на литиум-јонската батерија со течно ладење. Поради интензивното конкурентско опкружување на мотоспортот, Porsche продолжи да ги развива своите технологии. Брендот во моментот располага со најголемата моќ, како никогаш досега. За Taycan ова значи дека 800 V архитектура во возилото гарантира дека литиум-јонската батерија може да се полни за само четири минути. Овој трансфер на знаење ќе достигне сосема ново ниво кога Porsche ќе влезе во Формула Е во 2019/2020 сезоната.


Можеби ќе ве интересира

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

„Сакам да работам“ до кандидатите и партиите: Не ги ставајте игрите на среќа во кампањите

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

ЗЛАТЕН ДАБ – ЕВОЛУЦИЈА НА ИЗГЛЕД И ВКУС

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Доделени 20 стипендии на студентки од техничките факултети преку иницијативата GEG на Групацијата Лимак

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Алкалоид АД Скопје со донација на течен „Омепразол“ во вкупна вредност од 12,5 милиони денари, ќе го помогне лекувањето на околу 200 деца

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Bitsiani водич за матури 2024: Нова енергија на уникатност!

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Дали знаете кои се здравствените придобивки на чоколадното млеко

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Samsung Electronics претставува поврзан стил на живот и нова линија на вградени уреди на саемот EuroCucina 2024

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“ се проширува во Свети Николе и во Ново Село

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!

НАТПРЕВАР НА ТИКЕТИ СО ИСТ ТИП, ВО „СПОРТ ЛАЈФ“!