29 Март, 2024
0.0309

Porsche ја збогатува понудата на Taycan

Објавено во: Мои пари 20 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Со новиот Taycan, Porsche ја лансира четвртата варијанта на својот прв целосно електричен спортски автомобил, овој пат со погон само на задните тркала и две варијанти на големина на батерија.

Со стандардната батерија, новиот модел на почетно ниво испорачува 408 коњски сили. Во режим на „Overboost“со Launch Control, моќноста се зголемува до 476 коњски сили. Со опционалната „Performance Battery Plus“ батерија со зголемен досег, моќноста изнесува 326 коњски сили, додека во режимот „Оverboost“, моќноста се зголемува до 380 коњски сили.

Новиот Taycan

Како и кај останатите варијанти, опционалната опрема вклучува „HeadUp“ дисплеј во боја и полнач за во автомобил со капацитет за полнење до 22 kW. Со Functions on Demand (FoD), возачите на Taycan можат да купат разни дополнителни функции за погодност или помош. Оваа функција е достапна по испораката на возилото, како и за оригиналната конфигурација на спортскиот автомобил. Активирање преку Интернет значи дека не е потребно да се посети Porsche сервис. Во моментов, ова е можно за функциите Porsche Intelligent Range Manager (PIRM), Power Steering Plus, Active Lane Keeping Assist и Porsche InnoDrive.

Избор од две батерии

Стандардната еднослојна батерија се карактеризира со бруто-капацитет од 79,2 kWh. Опционалната двослојна батерија „Performance Battery Plus“ има капацитет од 93,4 kWh. Опсегот, во согласност со WLTP, е до 431 или до 484 километри, соодветно. Taycan забрзува до 100 км/ч за 5,4 секунди и со двете верзии на батерија. Неговата максимална брзина е исто така 230 км на час и во двете конфигурации, додека максималниот капацитет на полнење е до 225 kW со основната батерија или до 270 kW (Performance Battery Plus). Ова значи дека и двете батерии можат да се полнат од пет до 80 проценти SoC за 22,5 минути и дека напојувањето за уште 100 километри се постигнува по само пет минути.

Иновативен електричен мотор и динамички перформанси

Импресивно забрзување, моќност карактеристична за спортските автомобили и извонредно континуирано забрзување – новиот основен модел на Taycan ги има и овие уникатни карактеристики. Постојано „возбудениот“ синхрон мотор на задната оска има активна должина од 130 милиметри и затоа е со иста должина со оној што е вграден во Taycan 4S. Инверторот контролиран со пулс на задната оска работи до 600 ампери.

 Покрај трајно „возбудениот“ синхрон мотор на задната оска, погонската архитектура вклучува и двостепен менувач. Исто како и кај останатите модели, најзначајни карактеристики вклучуваат интелигентно управување со полнењето, како и врвна аеродинамика. Со воздушен отпор од 0,22, аеродинамиката на Taycan дава значителен придонес во малата потрошувачка на енергија и големиот досег на батеријата. Максималната моќност на рекуперација на електрична енергија изнесува 265 kW.

Надворешен дизајн со вистинско Porsche ДНК

Со својот чист дизајн, Taycan сигнализира почеток на нова ера. Во исто време, тој ја задржува непогрешливата ДНК на дизајнот на Porsche. Од предната страна, електричниот спортски автомобил изгледа особено низок и широк, со многу контурни елементи. Неговата силуета е обликувана според неговата спортска линија на покривот што се спушта надолу кон задниот дел, додека карактеристични се и многуте извајани странични делови. Елегантната кабина, впечатливо вовлечените Ц-столбови и изразените задни крилја резултираат во остро нагласен заден дел, типичен за Porsche. Овие карактеристики се надополнети со иновативни елементи како што е натписот од стакло за логото на Porsche во задната светлосна лента. Карактеристичните одлики на Taycan вклучуваат аеродинамички оптимизирани 19-инчни фелни Taycan Aero и црни анодизирани калипери на сопирачки. Деталите во предниот дел, страничните прагови и задниот дифузер во црна боја се исти како оние на Taycan 4S.

Уникатен дизајн на внатрешност

Кокпитот на Taycan означи почеток на нова ера со својата јасна структура и целосно нова архитектура. Самостојниот заоблен склоп на инструменти ја формира највисоката точка на контролната табла. Ова става јасен фокус на возачот. Другите елементи вклучуваат централен 10,9-инчен инфозабавен систем и дополнителен дисплеј пред совозачот.

Стандардно, Taycan доаѓа со делумно кожен ентериер, како и предни комфорни седишта со електрично прилагодување во осум насоки. Автомобилот се одликува со два оддели за багаж: 84 литри напред, и до 407 литри одзади. Taycan е исто така првиот модел на Porsche достапен со внатрешност без кожа. Ентериерите направени од иновативни рециклирани материјали го истакнуваат концептот за одржливост на електричниот спортски автомобил.

Централно вмрежен систем на шасија

Porsche користи централен, мрежно контролен систем за шасијата на Taycan. Интегрираната контрола на шасијата на Porsche 4D ги анализира и синхронизира сите системи на шасијата во реално време. Стандардната суспензија на Taycan, како и опционалната адаптивна воздушна суспензија со три комори се надополнети со електронскиот систем за контрола на суспензијата PASM (Porsche Active Suspension Management). Адаптивната воздушна суспензија е опремена и со функција Smartlift. Ова му овозможува на Taycan да се адаптира на подлогата на возење со тоа што автоматски се подигнува возилото кога патот го наложува тоа, како на пример при преминување преку регулатори на брзина на улиците. Функцијата Smartlift исто така може активно да влијае на висината на возилото при патувања на автопат и може да ја прилагоди висината на возењето на возилото за најдобар можен компромис помеѓу ефикасноста и удобноста при возење.

Опсег на Taycan

Taycan стандардно е опремен со шест клипни алуминиумски моноблок сопирачки со фиксен калипер напред и четири клипни алуминиумски моноблок сопирачки со фиксиран калипер одзади. Внатрешно вентилирачките дискови на сопирачките имаат дијаметар од 360 mm напред и 358 mm одзади. Калиперите на сопирачките имаат црна елоксирана боја. Дополнителна опција се Porsche Surface Coated Brake (PSCB) сопирачки со високи перформанси. Неговите дискови имаат дијаметар од 410 mm напред и 365 mm назад.

Успешна година за Taycan 

Porsche успешно ја започна визијата за електрична иднина, испорачувајќи повеќе од 20.000 Taycan модели на клиенти ширум светот во 2020 година. Електричниот спортски автомобил веќе има добиено околу 50 меѓународни награди, пред сè на нејзините главни пазари во Германија, САД, Велика Британија и Кина. Новиот Taycan со погон на задните тркала го постави новиот Гинисов Рекорд за најдолг дрифт со електричен автомобил од точно 42,171 километри.


ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Четврти „Стопанска Триоги триатлон 2024“ на 19 мај во Скопје

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

Светскиот бестселер го прославува својот 50-ти роденден - Volkswagen започна со производство на првиот Golf на 29 март 1974 година

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

ПРОЛЕТНО ЛУДИЛО ОД ДОБИВКИ, НАЈНОВА ПРОМОЦИЈА НА 2win.мк

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Технолошкиот глобален лидер „Инграм Микро“ го проширува своето присуство во Северна Македонија со отворање на Тренинг центар

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Приматели на плата - Рационалното управување со финансиските средства е клучно за безгрижна иднина

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Неспоредливо забавно патување со Move TV, стриминг платформа со најголем број на ТВ канали во Македонија

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството

Континуирана едукација и почитување на етичките и професионалните меѓународни стандарди се клучни за статусот и развојот на сметководството