22 Септември, 2019
0.0315

ПОРАЗИТЕЛНО: Во Македонија голем број магистри и доктори на науки се без работа

Објавено во: Економија 11 Јуни, 2019

Во Македонија 24 доктори на науки и 767 магистри се без работа.

Овие податоци се објавени на веб страницата на Агенцијата за вработување. 14 мажи и 10 жени доктори  на науки се евидентирани како невработени, а 308 мажи и 459 жени магистри исто така се со статус невработени.

Ова покажува дека патот до вработување не е лесен, дури и за луѓето кои вложиле во своето образование.

Бајрам Бајрамовски од Куманово, магистер по социјална работа и политика, со години барал работа во Македонија, но не успеал, по што одлучил да замине во странство.

„За жал работа најдов надвор од нашата држава. Во Македонија чекав 5 години и немаше работа за мене. Аплицирав за Германија, чекав 6 месеци и добив работна виза. Многу време бев вклучен во невладин сектор во Македонија, но немав државна работа, и бев приморан да ја напуштам својата држава и да заминам надвор за подобар живот. Во 2012 година магистрирав, а во 2017 година заминав надвор од државата. Сега сум во Германија, овде работам, имам добиено престој, овде не се гледа партија, туку се цени знаење и квалификација“, вели Бајрамовски.

Младата Ивана од Пехчево која е магистер по филозифија, 4 години барала работа, по што успеала да се вработи во приватен сектор за мала плата.

„Не се цени знаење, само врски. На младите им советувам да бидат благодарни на своето знаење, кое го стекнале со труд, а не да се радуваат на работно место кое го добиле со врски, без знаење, односно да не се радуваат не незаслужена работа“, вели таа.

Во земјава најголем број од невработените се со основно образование или помалку, односно во бројки 51.846.

12.305 се со непотополно средно училиште. 26.679 од неработените во земјава имаат завршено средно образование, додека 1.370 се со виша школа, а 10.092 се со завршен факултет.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Лукаревска: „Мој ДДВ“ ги дава резултатите за целите за кои е воведена

Лукаревска: „Мој ДДВ“ ги дава резултатите за целите за кои е воведена

Димковски: Со конкретни мерки, промоција и поддршка на извозот го развиваме органското производство

Димковски: Со конкретни мерки, промоција и поддршка на извозот го развиваме органското производство

13 милиони евра од ЕБОР за побрз и полесен транспорт

13 милиони евра од ЕБОР за побрз и полесен транспорт

Ова се топ пет професии со највисоки плати во земјава

Ова се топ пет професии со највисоки плати во земјава

СТАТИСТИКАТА ПОКАЖА: Се зголемила просечната плата во Македонија

СТАТИСТИКАТА ПОКАЖА: Се зголемила просечната плата во Македонија

Почитувањето на човековите права е обврска на државата и на сите сопственици на бизниси, менаџери(-ки) и вработени

Почитувањето на човековите права е обврска на државата и на сите сопственици на бизниси, менаџери(-ки) и вработени

Анѓушев: Се чека согласност на сите за минималната плата

Анѓушев: Се чека согласност на сите за минималната плата

ЌЕ ВАЖИ ЗА ЖЕНИ СО 60 И МАЖИ СО 62 ГОДИНИ: Ќе работат по 6 часа

ЌЕ ВАЖИ ЗА ЖЕНИ СО 60 И МАЖИ СО 62 ГОДИНИ: Ќе работат по 6 часа

Арцелор Митал стана дел од Либерти Стил на моќната ГФГ Алијансата

Арцелор Митал стана дел од Либерти Стил на моќната ГФГ Алијансата