Пораснаа платите во Србија - просекот е 562 евра
Објавено во: Економија, Балкан 25 Февруари, 2021
Скокнаа платите во Србија, а просекот е 562 евра.
Просечната бруто плата за декември 2020 година изнесува 90.849 динари, а просечната плата без даноци и придонеси е 66.092 динари. Растот на бруто платите во периодот јануари-декември 2020 година, во споредба со истиот период минатата година, е 9,5 проценти номинално, и 7,8 проценти реално. Нето-платите номинално се зголемија за 9,4 проценти и реално за 7,7 проценти. Во споредба со истиот месец минатата година, просечната бруто плата за декември 2020 година е номинално поголема за 10,4 проценти, а реално за 9,0 проценти.
И Словенците за време на пандемија ги зголемија платите. Просечната плата сега е 1.315 евра.