Порасна просечната плата во Словенија
Објавено во: Економија 15 Февруари, 2021
Словенците и за време на пандемија ги зголемија платите. Просечната плата сега е 1.315 евра.
Просечната нето-плата за 2020 година во
Словенија била 1.208,65 евра, што е раст за 6,7 отсто во однос на 2019 година,
објави словенечкиот Завод за статистика.
Просечната ланска бруто-плата во Словенија изнесувала 1.856 евра, пренесува агенцијата СТА.
Просечната нето-плата, само за декември
2020 година во Словенија изнесувала 1.315 евра. Словенија е лидер во регионот со висината на платите.