29 Мај, 2020
0.0325

Поранешните гувернери Богов и Трпески за Фактор: Нема да има девалвација

Објавено во: Економија 22 Мај, 2020

Приказните за девалвација на денарот се целосно без основа и според економските индикатори стабилноста на денарот воопшто не е загрозена, се согласуваат двајца поранешни гувернери. Претходникот на Анита Ангеловска Бежоска – Димитар Богов и екс гувернерот Љубе Трпески во изјава за Фактор велат дека граѓаните треба да се мирни и дека нема ниту еден параметар кој укажува на пад на вредноста на денарот.

Во изјавата која е прва откако не е гувернер Богов вели дека Народната банка целосно посветено ја врши работата и го одржува стабилен курсот.

„Приказните за девалвација на денарот се целосно без основа. Гувернерката Ангеловска Бежоска врши одлична работа и според економските индикатори стабилноста на денарот воопшто не е загрозена. После бројните слични епизоди во минатото, мислам дека се помалку граѓани и бизниси подлегнуваат на таквите шпекулации. Уверен сум дека Народната банка има целосна контрола на ситуацијата и многу брзо ќе ги увери дека денарот останува стабилен и оние малку граѓани и бизниси кои сеуште подлегнуваат на вакви шпекулации, вели Богов.

Тој моментно работи во ЕБРД но го покрива регионот на Источна Европа и Кавказот, не и земјите од Западен Балкан.

Неговиот колега Трпески вели дека ниту еден параметар не укажува дека е можна девалвација.

„Ние имаме ниска инфлација, а како што се очекуива можна е и дефлација која пак на никаков начин не коинцидира односно не е услов за девалвација. Потоа девизните резерви се на исклучително високо ниво. Ние одржувавме стабилен курс на денарот и со три пати пониски девизни резерви, а не пак сега. Затоа нема никакви причини за загриженост, вели Трпески.

И од Народната банка во неколку наврати уверуваа дека граѓаните треба да бидат спокојни.

„Стабилноста на девизниот курс на денарот била, е и ќе остане наш приоритет. Ние гарантираме дека денарот е и ќе остане стабилен. Апелираме на совесно и одговорно информирање и проверка на вистинитоста на изворите на информации. Секое произволно толкување на информациите, како и пласирањето неточни или непроверени информации во врска со домашната валута може да креира негативни ефекти за македонската економија, веклат од Народната банка

Инаку на крајот на април девизните резерви изнесуваат над 3,15 милијарди евра и во однос на март се повисоки за 142 милиони евра. Нивното ниво е речиси двојно повисоко во однос на кризата во 2008 година.

До сега ниту Народната банка, ниту релевантните меѓународни институции не соопштија дека очекуваат пораст на стапката на инфлација, односно не се очекува раст на цените.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

РАСТ: Дури една третина од граѓаните кои имаат интернет купуваат он-лајн

РАСТ: Дури една третина од граѓаните кои имаат интернет купуваат он-лајн

Ангеловска на Woman in Tech: Кризата донесе можности за жените претприемачи и дигитализацијата

Ангеловска на Woman in Tech: Кризата донесе можности за жените претприемачи и дигитализацијата

ИНТЕРВЈУ СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ: Сега на луѓето им треба оптимизам, за економијата е нужна многу поголема поддршка

ИНТЕРВЈУ СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ: Сега на луѓето им треба оптимизам, за економијата е нужна многу поголема поддршка

За дрвокрадците 230 милиони денари казна што нема „никогаш“ да ја платат

За дрвокрадците 230 милиони денари казна што нема „никогаш“ да ја платат

Која фирма е неприкосновена за аларми и сигурносни системи?

Која фирма е неприкосновена за аларми и сигурносни системи?

Mavrovo2 Residence, нова хит дестинација за вљубенците во планината

Mavrovo2 Residence, нова хит дестинација за вљубенците во планината

ПАНДЕМИЈАТА СКАПО ЌЕ ЈА ЧИНИ ИТАЛИЈА: Расте невработеноста во земјата

ПАНДЕМИЈАТА СКАПО ЌЕ ЈА ЧИНИ ИТАЛИЈА: Расте невработеноста во земјата

Влијанието на пандемијата бара инклузивни одговори за политиките

Влијанието на пандемијата бара инклузивни одговори за политиките

ДЕНЕСКА НОВА СОСТОЈБА: Поткопана е цената на „црното злато“

ДЕНЕСКА НОВА СОСТОЈБА: Поткопана е цената на „црното злато“