Поранешниот телохранител на Мијалков избегал од домашен притвор
Објавено во: Македонија 16 Ноември, 2019
Драганчо Стоименов, поранешен телохранител на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, избегал од домашен притвор.
Полицијата го известила Судот дека притворениот не ја почитува мерката, по што по наредба на Судот се преземаат мерки лицето да се пронајде.
Стоименов на почетокот на годинава учествуваше во престрелка пред кафеана во Кочани, при што рани човек. Неколку месеци беше во бегство, но потоа се предаде. По неколку месеци во Шутка, судот му одреди мерка домашен притвор.