19 Април, 2024
0.0468

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев: Попис во Македонија за да се види колку Бугари има

Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

И поранешниот претседател на Бугарија, Росен Плевнелиев, во својата анализа за 24 Часа за македонско-бугарските односи смета дека Македонија треба да се откаже од наследството и идеологијата на „комунистичкиот диктатор Тито“

„Големата драма на Владата на Република Северна Македонија не е Бугарија, туку прво - наследството и идеологијата на комунистичкиот диктатор Тито, поддржана од силно српско-руско влијание, и второ – идејата за „Голема Албанија“, која е фиксирана во сознанието на Албанците во Северна Македонија. Второто е навистина големиот проблем и тој може да биде решен само ако Република Северна Македонија и Република Албанија преговаарат и се присоединат во ЕУ заедно“, пишува Плевнелиев.

Како што вели тој, на овој план Албанија веќе превземала конкретни чекори - го осудила комунистичкиот режим, ги отворила архивите на тајните служби, ги сменила учебниците според неманипулирана историја за комунистичката диктатура, спровела попис и го гарантирала постоењето и правата на различни малцинства, вклучително и на бугарското. Во Македонија пак, тврди тој, Тито и Сталин се претставени како херои, архивите остануваат нечепнати исто како и учебниците,и дека во земјата не е спроведен попис и дека продолжува одрекувањето оти постојат граѓани со бугарско етничко потекло.

„Раководството во Скопје не треба да очекува дека Бугарија ќе се откаже од богатата историја под меѓународен пристисок. Не е добар план премиерот Заев да продолжува да настојува за македонско малцинство во Бугарија, бидејќи тоа никогаш не постоело. Во Скопје се загрижени дека Бугарија нема да го признае нивниот идентитет и јазик. Тоа не е вистина“, тврди поранешниот шеф на Бугарија.

Неговото мислење е дека длабоката разочараност во Бугаријја се должи на тоа што Договорот за добрососедство не ги дава очекуваните резултати, односно дека нема промена во учебниците, видлив е говорот на омраза кон граѓаните со бугарско потекло и останува наративот проектиран од времето на Тито дека тие се ‘татари, фашисти и окупатори'". 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Почна кампањата за парламентарните избори, ветувања за подобар живот за граѓаните

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

ВАНКОВСКА: Ќе се заложам за намалување на воениот буџет

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

СТО НАЈВЛИЈАТЕЛНИ ЛИЧНОСТИ ВО СВЕТОТ СПОРЕД „ТАЈМ“: На листата се најде Македонката Светлана Мојсов

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗДРАВСТВО ДО СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ: Решение ќе има после изборите

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

КОВАЧЕВСКИ ЗА ИЗЈАВАТА НА ОСМАНИ ЗА ОТВОРЕН БАЛКАН: Политичарите како во избори, даваат изјави што треба, што не треба

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

Доживотен затвор за убиената жена во Кочани со 40 убоди со нож

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

ДУИ на симулирана седница ги избра Бујар и Села за претседатели и направи уставни измени

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

СОНК: Иако е период на избори, најверојатно ќе почне генерален штрајк во установите од културата

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?

ГЕСТ ЗА ПРИМЕР И ПОЧИТ! Која фирма за свои сограѓани од Свети Николе ќе даде над 250.000 евра?