Поранешни министри за образование добија кривични пријави
Објавено во: Македонија 11 Декември, 2018
Двајцата поранешни министри за образование Никола Тодоров и Панче Кралев добија кривични пријави од Финансиска полиција за злоупотреба на јавна набавка.
Своевремено направиле злоупотреба на службената положба и овластување кога се адаптирал поранешниот Дом на АРМ во Охрид за потребите на Факултетот за информатички технологии.
Според истрагата на Финансиска полиција, двоецот го оштетил ресорниот буџет за околу 76 и пол илјади евра.