Поранешна пратеничка на СДСМ најави присуство на денешниот протест пред Влада

Објавено во: Македонија 02 Јули, 2022
Поранешната пратеничка на СДСМ, Весна Бендевска, објави дека ќе присуствива на денешниот протест пред Владата од 19.00 часот против прифаќањето на условите од францускиот предлог за деблокада на преговорите со ЕУ.
-Утре излегувам да го изразам својот протест кон оваа лакрдија која го повредува моето лично граѓанско право на самосвест за национална припадност, посебност, мојот мајчин јазик и историјата на мојот народ со кои се гордеам. Свесно. Заради себе и својата совест, без калкулации за последиците. Моите идеали ми се поважни од се и ќе се борам за нив до крај. Апсолутно не ме допираат манипулативните повици на ниту една политичка партија или субјект. Ова е моја лична потреба, моја лична борба. За да бидам јас. За пред себе да сум чиста дека направив обид и не молчев. Без оглед на исходот. И никој нема право да ми го спори моето право, објави Бендевска.
Таа е актуелен член на комисија за борба против дискриминација што беше изгласана во Собранието на РСМ.
Можеби ќе ве интересира
Се расчисти теренот за нова зграда каде што изгореа бараките на ЈП Улици и патишта

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Даночни реформи ќе треба да обезбедат 54 милиони евра, Бесими даде детали

Петличковски кажа во кој случај би имало нови ковид рестриктивни мерки

MAКЕДОНИЈА СЕ СЕЌАВА НА ЖРТВИТЕ ОД КАРПАЛАК: Двајца роднини загинаа во ист ден

МАЈКАТА БАРА ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ПРЕЗЕМАТ МЕРКИ: Педофил од Тетово барал разголени фотографии од 12-годишно девојче

Државјани на Македонија помагале косовци преку Драч да заминуваат за Италија

На 93 години почина архитектот Петар Муличкоски, авторот на оригиналната зграда на Владата

(ВИДЕО) Се појави снимка на која се гледа како Ламбе го пали бугарскиот клуб во Битола
