28 Март, 2024
0.0290

Поранешен кандидат на СДСМ за градоначалник поставен за привремен директор на „Дрисла“

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Коста Начевски е именуван за в.д.директор на градската депонија „Дрисла“ која од вчера повторно е регистрирана како јавно претпријатие и е под владение на Град Скопје.

Начевски е поранешен кандидат за градоначалник на Бутел од редовите на СДСМ а доаѓа на местото на Горан Ангелов, кој денеска е разрешен како директор на депонијата што беше под концесија на приватниот оператор ФЦЛ Амбиенте.

Приватниот инвеститор под водство на Доменико Ферацоли заедно со Ангелов повеќе не управуваат со „Дрисла“.

- По една година напорна работа успеавме да ја превземеме Дрисла, со ова решение завршува деветгодишната авантура на ВМРО-ДПМНЕ која ја даде депонијата на несоодветен оператор. Ќе биде назначен наскоро нов Управен и Надзоерн одбор По завршувањето на постапката ќе ги повикам сите поединци и здруженија да помогнеме да се направи анализа на досешното работење. Неповратно загубивме девет години. Прва грижа ќе биде да стане прва вистинска санитарна депонија и нејзиниот економски потенцијал да биде во служба на граѓаните, рече вчера градоначалникот Петре Шилегов.

Град Скопје две години имаше административни проблеми во превземањето на депонијата „Дрисла“, а Шилегов постојано го критикуваше нејзиното неодговорно работење.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење