Поради страв од бразилскиот сој Франција ги прекинува летовите со Бразил
Објавено во: Свет, Корона Вирус 13 Април, 2021
Поради страв од британскиот сој на коронавирусот, Франција ги прекинa сите летови со Бразил „до дополнително известување“, јави дописникот на МИА.
Дека причина за прекинот е загриженоста околу бразилската мутација, соопшти денеска францускиот премиер Жан Кастекс.
Бразилскиот сој буквално „коси“ во Бразил, земја која е трета во светот по бројот на случаи на ковид. Овој сој го има во повеќе европски земји како Австрија, Германија, Италија, Словенија, Хрватска. Видот наречен B.1.1.28 прво беше откриен во декември лани во Бразил, а потоа и кај група патници кои патувале од Бразил за Јапонија.