16 Април, 2024
0.0256

Поради пандемијата 200 европски аеродроми пропаѓаат

Објавено во: Економија, Корона Вирус 28 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Поради пандемијата 200 европски аеродроми пропаѓаат, а 280.000 работни места се доведени во прашање.

Европската асоцијација на аеродроми (ACI) најави дека 193 аеродроми ќе бидат изложени на ризик од неликвидност во наредните месеци, доколку патничкиот сообраќај не започне да се опоравува од корона-кризата.

Овие воздушни центри обезбедуваат 277.000 работни места и учествуваат со 12,4 милијарди евра од европскиот БДП, стои во соопштението на организацијата. 

Иако аеродромите за неликвидност се претежно помали регионални центри, нивното затворање може да има значителен ефект врз економиите и да доведе до колапс на европскиот систем за воздушен транспорт.

Дури и поголемите аеродроми не се имуни на влијанието на пандемијата на вирусот, што го намали сообраќајот на патници за 73 проценти само во септември. 

Европските аеродроми минатиот месец имаа 172,5 милиони патници помалку, со што вкупниот обем на патници изгубени годинава достигна 1,29 милијарди.

Најдобрите 20 европски аеродроми направија 16 милијарди евра долг за време на кризата. 

Ова е скоро 60 проценти од нивниот приход остварен во годините на редовно работење.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА - како се плаќа и оданочува, и колку прекувремени часови смеете да имате

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

Economic Watch: Германскиот добавувач на автомобилски делови со доверба продолжува со инвестициите во Кина

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„КОГА ИЗЛЕГОВ ОД ‚ЗДРАВЈЕ РАДОВО' ИМАВ ВО ЏЕБ ДВА ДО ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА“ - бизнисменот Јован Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

ОВА ПРАШАЊЕ СОЗДАВА РАСКОЛ ВО ЕВРОПА: Кој е за, а кој против нуклеарната енергија?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

Која транспортна фирма ќе ги израдува акционерите со 2,3 милиони евра дивиденда?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ИНДИЈЦИ, НЕПАЛЦИ, ФИЛИПИНЦИ РАБОТАТ ВО ЗЕМJAВА: Дали газдите се задоволни од „увезената“ работна сила?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА: Колку ќе заработи првиот приватен ветерен парк во Македонија?

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

КАРПОШ ПОВТОРНО ВИСОКО НА ЛИСТИТЕ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ – Охрид останува уште една „медина“ за градежниците, еве каде најмногу ќе се гради

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?

И ЗЛАТОТО ПОСКАПЕ: Која е новата цена на една унца?