26 Април, 2024
0.0261

Попушта ли Германија пред налетот на пандемијата?

Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Март, 2020

Добивај вести на Viber

Медицинските центри во покраината Северна Рајна-Вестфалија во Германија бараат итно да биде испорачана медицинска заштита опрема, во спротивно, здравствениот систем во покраината би доживеал целосен крах.

Весникот „Билд“ денеска објави документ од Кризниот штаб на покраината, во кој е наведено дека се заканува колапс ако и понатаму се чека на испорака на заштитната опрема што недостасува. Во документот пишува:

„Сите градови и окрузи пријавуваат проблеми со набавка на заштитна опрема и средства за дезинфекција. И не само лекарите и клиниките, туку и Итната помош, како и центрите за нега на стари лица имаат сериозен проблем со недостиг од заштитна опрема“.

Карл-Јозеф Лауман, покраинскиот министер за здравство, појаснува дека биле нарачани огромни количини на заштитна опрема, но, како што вели, главна причина за моменталниот недостиг е отежнатото производство, но и испорака поради вонредните мерки што ги воведе германската влада. Инаку, покраината Северна Рајна-Вестфалија е всушност епицентарот на коронавирусот во Германија. Вкупната бројка на инфицирани пациенти со Ковид-19 во цела Германија е речиси 48.000, а починати се 281 лице. 


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек