25 Април, 2024
0.0286

Поповски: Личните трошоци на Владата намалени за 26 отсто

Објавено во: Економија 04 Октомври, 2019

Добивај вести на Viber

Роберт Поповски, министерот за отчетност и транспарентност, објави дека личните трошоци на членовите на Владата на РСМ се намалени за 26 отсто во споредба со тие од пред две години.

„Алатката за отчетност и концептот Отворена Влада даваат резултати и особено задоволство ми е да објавам дека функционерите во 2019 година ги намалија трошоците за 26% во споредба со првиот мониториран циклус во 2017 година. Шест месечниот мониторинг на трошоците покажува намалување на службените трошоци на функционерите во сите сфери на јавни трошења. Продолжуваме понатаму со рационално трошење на државните пари да создаваме можност за нови проекти важни за граѓаните“, објави Поповски.

Владата го објави најновиот шест месечен извештај за трошоците на функционерите на актуелниот состав на владата. Според податоците што произлегуваат од мониторингот со помош алатката за отчетност и транспарентност, Владата на Република Северна Македонија во четвртиот циклус од своето владеење, односно во периодот од декември 2018 до мај 2019 година, ги намалила вкупните трошоци за 26%, во споредба со првиот мониториран циклус кој го опфати перидот од јуни до крајот на ноември 2017 година.

Овој извештај го опфаќа периодот 4 и се однесува за личните службени трошоци на премиерот, вицепремиерите, министрите, замениците-министри, генералниот секретар на Владата и државните секретари на министерствата, за периодот декември 2018 - мај 2019 и бележи вкупно трошоци во овој циклус во висина од 16.184.264 денари, за разлика од првиот мониториран циклус, веднаш по стапувањето на должност на актуелната влада, кога се забележани трошоци во висина од 21.876.430 денар.

Колку за споредба, вкупните угостителски услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамките на институциите, во првиот мониториран период (јуни – ноември, 2017 г.), изнесувале 5.965.616 денари, а во најновиот извешатен период (декември 2018 до мај 2019) се намалени на 3.211.886 денари.

Вкупните угостителски услуги во земјата преку надворешни угостителски објекти, од 4.098.762 денари, паднале на 1.610.929 денари во споредбените мониторинг циклуси, додека, пак, угогостителските услуги во странство од 935.652 денари се намалени на 716.318 денари.



Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?