Поповска за Филипче: Срамно е да му бацуваш рака на тој што те камшикува
Објавено во: Македонија 22 Декември, 2020
Срамно е да му бацуваш рака на тој што те камшикува, пишува на Фејсбук, Лилјана Поповска од ДОМ, за министерот за здравство, Венко Филипче кој ја посети Бугарија.
„На бугарската влада ли најдовте да и се молите, која ни ја тресна и заклучи вратата за напредок??? Аман, луѓе, што правите? Боли понижувањето“, пишува Поповска.
Република Бугарија од секоја практка на вакцини против Ковид 19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Ова утрово беше одлучено на владината седница во Софија каде свое обраќање имаше и министерот за здравство, Венко Филипче. Со оваа одлука во нашата земја вакцини против Ковид 19 ќе стигнуваат во исто време како и во останатите земји членки на Европската Унија.