12 Септември, 2024
0.0262

ПОНУДАТА Е НА МАСА, ПАРИТЕ СЕ ВЕЌЕ ДЕПОНИРАНИ НА ПОСЕБНА СМЕТКА - кои се акционерите и по колку ќе наплатат од продажбата на Стопанска банка Битола

Објавено во: Финансии 13 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Картите се на маса. Се дозна која е цената по која Комерцијална банка нуди да ги откупи сите акции на Стопанска банка Битола. 

Се нудат 3.200 денари по акција, сума која некои можеби ја сметаат за потценета, но во банката понудувач ценат дека е многу коректна и исплатлива за акционерите.

Да видиме што имаме на маса и што може да се очекува од оваа понуда.

Нашите сознанија од Комерцијална банка говорат дека нивните очекувања околу оваа понуда се многу високи. Односно, дека понудата ќе ја прифатат сопствениците на над 90 отсто од обичните акции со право на глас. Тоа ќе биде многу повеќе од прагот на успешност кој самата Комерцијална банка си го постави за нејзината понуда да се смета за успешна, кој исто така е прилично висок за една ваква трансакција, и кој и е познат на нашата редакција, но нема да го објавиме се додека таа информација не добие официјален карактер.

Кои се акционери во Стопанска банка Битола.

Официјално, од она што може да се види од Централниот депозитар за хартии од вредност, е дека над 5 отсто од акциите поседува единствено компанијата „Пелистерка“, и нивниот пакет тежи 16,99 отсто. Ако земеме предвид дека Стопанска банка Битола има вкупно издадено 390.977 акции, од нив 16,99 отсто се 66.427 акции. Ако за нив се плати сума од по 3.200 денари за акција, тоа значи дека компанијата „Пелистерка“ би инкасирала околу 3,46 милиони евра доколку ја прифати понудата. 

Другите акционери не се познати јавно. Но, според нашите информации, околу 60 отсто од акциите во Стопанска банка Битола контролира еден познат скопски бизнисмен, и тоа се главно компании во негова сопственост или поврзани со него. Доколку сите тие одлучат да ја прифатат понудат на Комерцијална банка, тоа би значело дека ќе добијат 12,21 милиони евра на своите конта, за своите акции во оваа банка.

Парите се тука.

Нашите информации говорат дека парите за исплата на сите акционери, односно за купување на 100 отсто од акциите на Стопанска банка Битола, Комерцијална банка веќе ги има одвоено и депонирано на посебна сметка, така што, тие практично „чекаат“ на акционерите кои што ќе се одлучат да ја прифатат понудата. 

Откако за понудата свое мислење треба да дадат Комисијата за хартии од вредност и Комисијата за заштита на конкуренцијата до крајот на август или во септември, веќе на крајот на септември или почетокот на октомври се очекува да заврши изјаснувањето на акционерите. И, оние што ќе прифатат ќе бидат исплатени за своите акции од Комерцијална банка. 

Според нашите сознанија, за оваа година двете банки ќе искажат посебни односно свои одвоени финансики резултати. 

Додека, пак, доколку понудата се прифати, од идната година Стопанска банка Битола веќе ќе престане да постои. 

Потоа ќе следува процесот на консолидација на експозитурите и вработените, согласно процесите на активности кои ќе ги извршува Комерцијална банка.

Во моментов Комерцијална банка има 940 вработени, а бројот на оние во Стопанска банка Битола е 204 вработени. 

Фактор располага со информации и дека, доколку понудата биде успешна, на Комерцијална банка нема да и биде потребна зградата на СТБ во Битола, и тој имот, наводно, ќе оди на продажба. 

Од Комерцијална банка, како што веќе напишавме, сметаат дека нивната понуда е коректна и исплатлива.

„Сметаме дека секој акционер доби на маса квалитетна и коректна понуда, и за нив би било навистина добро и исплатливо доколку ја прифатат“, велат наши извори од Комерцијална банка. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Договор за закуп од 01.12.1989 година со валута која не е во примена“: ДЗР со низа забелешки за Основниот граѓански суд

„Договор за закуп од 01.12.1989 година со валута која не е во примена“: ДЗР со низа забелешки за Основниот граѓански суд

СЕ БАРААТ ИЛЈАДНИЦИ ВРАБОТЕНИ: Оваа професија е сè повеќе потребна во Германија

СЕ БАРААТ ИЛЈАДНИЦИ ВРАБОТЕНИ: Оваа професија е сè повеќе потребна во Германија

И ОД ВОШКИ СЕ ЖИВЕЕ ДОБРО... АКО ОДЛУЧИТЕ ДА ГИ ЧИСТИТЕ: Овие две Белграѓанки растураат во овој бизнис, отвориле салон за чистење вошки, еве како успеале

И ОД ВОШКИ СЕ ЖИВЕЕ ДОБРО... АКО ОДЛУЧИТЕ ДА ГИ ЧИСТИТЕ: Овие две Белграѓанки растураат во овој бизнис, отвориле салон за чистење вошки, еве како успеале

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ ШТО РЕДОВНО ОДАТ ВО БЕЛГРАД: Ќе треба да го одврзете ќесето, рипна цената на паркингот во сите зони, еве колку ќе се плаќа сега

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ ШТО РЕДОВНО ОДАТ ВО БЕЛГРАД: Ќе треба да го одврзете ќесето, рипна цената на паркингот во сите зони, еве колку ќе се плаќа сега

Милионерка открива зошто штедењето не е клучот за успех: Еве зошто сето тоа го правиме погрешно

Милионерка открива зошто штедењето не е клучот за успех: Еве зошто сето тоа го правиме погрешно

БИТКОИНОТ ПОТОНА НА НАЈНИСКО НИВО - за само еден месец изгуби драстично од вредноста, еве зошто

БИТКОИНОТ ПОТОНА НА НАЈНИСКО НИВО - за само еден месец изгуби драстично од вредноста, еве зошто

МАЛ ВЛОГ, ГОЛЕМА ЗАРАБОТКА: подзаборавена професија создава големи шанси, еве за што се работи

МАЛ ВЛОГ, ГОЛЕМА ЗАРАБОТКА: подзаборавена професија создава големи шанси, еве за што се работи

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО МОЌНАТА „ЗЕЛЕНА“ ВАЛУТА? Американскиот долар е прогласен за најнепожелен

ШТО СЕ СЛУЧУВА СО МОЌНАТА „ЗЕЛЕНА“ ВАЛУТА? Американскиот долар е прогласен за најнепожелен

СЕГА Е МИГОТ ДА СЕ КУПИ КУЌА НА МОРЕ: Инвестицијата се исплати, парите брзо се враќаат

СЕГА Е МИГОТ ДА СЕ КУПИ КУЌА НА МОРЕ: Инвестицијата се исплати, парите брзо се враќаат