10 Јули, 2020
0.0220

Понуда „тешка“ 18,6 милијарди долари: Камионите на VW излегуваат на берзата

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2019

Фолксваген го процени својот бизнис во секторот на тешки камиони на дури 18,6 милијарди долари во рамки на планираните иницијални јавни понуди (IPO).

Како што пренесе Блумберг, акциите на компанијата „Traton SE“, дивизијата на VW која продава возила од марката „MAN“ и Сканија, ќе бидат понудени по цена од 27 до 33 евра по акција, со што вредноста на тој бизнис ќе достигне од 13,5 до 16,5 милијарди евра.

Тоа, како оценува њујоршката агенција, ќе биде едно од најголемите европски излегувања на берзата во оваа година.

Листирањето на акциите на „Traton SE“ се и еден од најважните механизми на менаџментот во рамки на настојувањето најголемиот произведувач на автомобили во светот да се направи агилен.

Меѓу плановите на менаџментот е и потенцијална продажба на имот и потрага за нови кооперации.

Блумберг пишува и дека извршниот директор на VW Херберт Дис разгледува продажба на претпријатието за производство на бродски мотори, како и здружување со Форд во областа на производство на комби и електрични и автономни автомобили.

-Плановите на VW за Тратон и за соработка со Форд ќе помогнат да се создадат „пари“ за претстојната фаза на консолидација на индустријата-рекол Дис на седницата на менаџментот.

VW на листирање на акциите на „Тратон“ работи повеќе од три години, за да минатиот месец ги оживее плановите од кои се откажа претходно оваа година.



Foto: Epa/Rainer Jensen


Можеби ќе ве интересира

МАСОВНО КУПУВААТ ИМОТИ: Словенците го „окупираа“ хрватското крајбрежје

МАСОВНО КУПУВААТ ИМОТИ: Словенците го „окупираа“ хрватското крајбрежје

Еве каде можете да ги искористите ваучерите за туризам

Еве каде можете да ги искористите ваучерите за туризам

СТРАВ КАЈ ГЕРМАНЦИТE: Секоја петта компанија е во ризик

СТРАВ КАЈ ГЕРМАНЦИТE: Секоја петта компанија е во ризик

МЕРКИТЕ ГИ ПОЧИТУВАВМЕ, НО НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ КОНТРОЛИРАТЕ СИТЕ ВРАБОТЕНИ И НА ПАУЗА И ВО ТОАЛЕТ - Димитров за заболените во „Мода“ Свети Николе

МЕРКИТЕ ГИ ПОЧИТУВАВМЕ, НО НЕ МОЖЕТЕ ДА ГИ КОНТРОЛИРАТЕ СИТЕ ВРАБОТЕНИ И НА ПАУЗА И ВО ТОАЛЕТ - Димитров за заболените во „Мода“ Свети Николе

Колку работодавци и работници добиле финансиска поддршка за три месеци?

Колку работодавци и работници добиле финансиска поддршка за три месеци?

Ќе биде ли дел од идна влада: Нина Ангеловска даде отчет за сработеното (ВИДЕО)

Ќе биде ли дел од идна влада: Нина Ангеловска даде отчет за сработеното (ВИДЕО)

Македонија со најповолна бизнис-клима во регионот

Македонија со најповолна бизнис-клима во регионот

„Фејсбук“ повеќе не ги крие бројките: Заев, Касами, СДСМ и Левица едни од најактивните клиенти

„Фејсбук“ повеќе не ги крие бројките: Заев, Касами, СДСМ и Левица едни од најактивните клиенти

Битиќи vs Лазаров: Имаат ли моќ да ги остварат своите ветувања и што мислат за политичкиот ривал

Битиќи vs Лазаров: Имаат ли моќ да ги остварат своите ветувања и што мислат за политичкиот ривал