24 Април, 2024
0.0324

ПОНЕКОГАШ СЕ ПЛАШЕШЕ ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ, ПРИЈАТЕЛИТЕ НЕ ВЕРУВААТ ДЕКА СЕ САМОУБИЛА: Маја е пронајдена со прострелна рана во главата

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Полицијата потврди дека Маја Јанеска во петокот била пронајдена со прострелна рана во главата. Јанеска во моментот на нејзината смрт била во врска со Кајл Филипс, ко-директор на компанијата за цигари Карнилинкс на Адријано Мацоти.

Полицијата не ја третира смртта на познатата шминкерка и бизнисменка, Маја Јанеска како сомнителна, но семејството и пријателите изјавија за News24 дека не можат да веруваат дека таа би си го одзела животот. Истовремено, како што се наведува за News24 отворена е истрага, но во оваа фаза, органите на прогонот не се третираат како сомнителни.

„Полицијата добила повик за лице кое наводно се самоубило во имотот Басонија. По пристигнувањето на дадената адреса, полицијата пронашла жена во спалната соба со прострелна рана во главата. До неа имало огнено оружје. Смртта е констатирана од страна на болничарите“, изјави портпаролот на полицијата, потполковник Мавела Масондо.

Инаку, „Њуз24“ од свои извори дознава дека тајкунот со цигари, Кајл Филипс во моментот на смртта на Јанеска бил во куќата и се упатил кон собата каде што била пронајдена, а истовремено неговата поранешна сопруга, Трејси, изјави дека тој е „уништен и шокиран од оваа трагедија“.

Таа рече дека тој „ќе соработува со истрагата“.

Смртта на популарната инфлуенсерка која на Инстаграм, има 1,2 милиони следбеници, а ги вклучуваа Малема и познати личности како Боити, Перл Туси и Тамара Деј, го остави нејзиното семејство во Европа, и нејзините пријатели во Јужна Африка во голема тага.

Роднина, кој побара да остане анонимен, изјави за News24 дека семејството е во „апсолутен шок“ од катастрофалните вести.

„Нашите телефони не престанаа да ѕвонат; сето ова е ново за нас. Ние сме во Европа, а рацете ни се врзани затоа што не можеме да дојдеме во Јужна Африка поради проблеми со визите. Маја лежи таму во некоја мртовечница и немаме поим што всушност се случува“, додаде роднината.

„Таа понекогаш се плашеше за својот живот. Нејзиното момче работеше со луѓе од кои таа се плашеш.. Срцето ни е скршено и сериозно не знаеме што да правиме“.

Роднината додаде дека, кога Филипс ги контактирал за смртта на Јанеска, тој изгледал „вознемирен“. За блиската пријателка на Јанеска, Ива Ристиќ, веста за нејзината прерана смрт беше вистински шок. „Разговарав со неа во четвртокот, и таа не сакаше да се самоубие. Таа не беше таква личност“, рече таа.

-Штотуку се врати од дипломатско патување во Македонија. Беше толку убава жена, полна со живот, многу талентирана и амбициозна. Таа беше добро запознаена со министрите во земјава и други функционери. Таа го сакаше животот и не разбирам зошто некој би и наштетил на каков било начин.

Во обраќањето до студентите на универзитетот ФОН, само девет дена пред нејзината смрт, Јанеска раскажа како на 19-годишна возраст се преселила во Танзанија, каде што добила понуда да работи во хотел. Таму научила свахили и започнала кариера како шминкер и стилист.

Таа ја повика својата млада публика да не се откажува од своите соништа.

"Можете да имате добри и лоши моменти во животот, но вие сте тој кој може и треба да прави промени. Желбата е едно, самодовербата е друго. Верувајте во себе, бидејќи само така ќе успеете", рекла таа.

Маја Јанеска имаше цврсти врски со видни политичари од Африка меѓу кои Макамба, заменик министерот во Претседателството на танзанија, Пинки Кекана, кенискиот политичар Хасан Јохо, а во нејзината последна објава на Инстаграм, од 22 ноември, Јанеска беше сликана со министерот за надворешни работи Бујар Османи. Таа објави дека нејзиниот ангажман има за цел воспоставување дипломатски односи меѓу „мојата земја, и мојот втор дом, Република Јужна Африка“.

„Патувањето за здружување на двете земји и нации беше мојата мисија како патриот и љубовта кон двете земји и нации е она што ме натера да го иницирам. Овој однос донесе неверојатни можности за бизнис, образование, туризам и размена на културни искуства …„Моето срце е полно со љубов и благодарност за двете земји.

Можеби ќе ве интересира

Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ - 360 степени објави видеи

Полициски кордон пред штабот на „Вреди“ кај Скендербег, се собираат поддржувачи на ДУИ - 360 степени објави видеи

ВМРО-ДПМНЕ ВЕЌЕ НАГОЛЕМО СЛАВИ: Поддржувачите во Гази Баба скандираа и палеа бакљи

ВМРО-ДПМНЕ ВЕЌЕ НАГОЛЕМО СЛАВИ: Поддржувачите во Гази Баба скандираа и палеа бакљи

ДАВКОВА ЌЕ ИМА ОБРАЌАЊЕ ВО 22 ЧАСОТ - според ВМРО-ДПМНЕ таа води со 130 илјади гласа пред Пендаровски

ДАВКОВА ЌЕ ИМА ОБРАЌАЊЕ ВО 22 ЧАСОТ - според ВМРО-ДПМНЕ таа води со 130 илјади гласа пред Пендаровски

МНОГУ ЛУЃЕ ПОД СЕДУМГОДИШЕН ПОЛИТИЧКИ ПРОГОН ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ СПИЈАТ ПОМИРНО: Се огласи Дурловски

МНОГУ ЛУЃЕ ПОД СЕДУМГОДИШЕН ПОЛИТИЧКИ ПРОГОН ЗА ПРВ ПАТ ЌЕ СПИЈАТ ПОМИРНО: Се огласи Дурловски

Милошоски: Победа во Струмица по 20 години

Милошоски: Победа во Струмица по 20 години

Гордана Силјановска 160.884, Стево Пендаровски 79.050 - НАЈНОВИ БРОЈКИ ОД ДИК ОД ОБРАБОТЕНИ 53 ОТСТО

Гордана Силјановска 160.884, Стево Пендаровски 79.050 - НАЈНОВИ БРОЈКИ ОД ДИК ОД ОБРАБОТЕНИ 53 ОТСТО

ДАФИНА СТОЈАНОСКА: Од обработени 40 отсто од гласачките места, професорката Силјановска води со 152 илјади гласа спрема 70 илјади на Пендаровски

ДАФИНА СТОЈАНОСКА: Од обработени 40 отсто од гласачките места, професорката Силјановска води со 152 илјади гласа спрема 70 илјади на Пендаровски

„НЕКА ГОРАТ ТЕЛЕФОНИТЕ“: Ѓорчев објави резултати по 15 проценти обработени податоци

„НЕКА ГОРАТ ТЕЛЕФОНИТЕ“: Ѓорчев објави резултати по 15 проценти обработени податоци

СЕ ОГЛАСИЈА ОД СДСМ: БОГДАНКА КУЗЕСКА: Уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина

СЕ ОГЛАСИЈА ОД СДСМ: БОГДАНКА КУЗЕСКА: Уверени сме дека граѓаните и денеска и на 8 мај ќе ја поддржат европската иднина