29 Март, 2024
0.0315

ПОМОШНИК РЕЖИСЕРОТ НА ФИЛМОТ РЃА ЕДНАШ ВЕЌЕ БИЛ ОТПУШТЕН - причина била инцидент со оружје

Објавено во: Свет 26 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Дејв Холс, помошник-режисер и човекот кој му го предаде пиштолот реквизит на актерот Алек Болдвин на снимањето на филмот Рѓа, претходно бил отпуштен од една филмска продукција, откако член на екипажот бил повреден во инцидент со пиштол.

Холс работел на филмот „Патот на слободата“ во 2019 година како асистент на режисерот, кога за време на снимањето пиштол неочекувано испукал, и, од силината на истрелот, соборил член на тонската екипа и го повредил. Снимањето било прекинато, изјавиле за Си-Ен-Ен од продукциската куќа Rocket Soul Studios.

Членот на тонската екипа бил прегледан од давателот на брзата помош на сетот и му препорачал да побара лекарска помош. Членот на филмската екипа се вратил во продукцијата неколку дена подоцна, рекле од Rocket Soul.

Халс бил отстранет од сетот по инцидентот и отпуштен од филмската продукција, известуваат од компанијата.

„Холс беше отстранет од сетот веднаш по пукањето на пиштолот реквизит. Продукцијата не продолжи со снимањето додека Дејв не го напушти местото. Потоа беше поднесена пријава за инцидентот“, се вели во соопштението.

„По завршувањето на работата тој ден Дејв Холс беше официјално отпуштен со детално објаснување зошто“, велат од компанијата.

„Многу му беше жал за тој инцидент и му беше јасно зошто е отстранет. Продукцијата на филмот заврши без него, а вработените беа новиот оружар и помошник-режисер“, се наведува.

Си-Ен-Ен дошле до членот на тонската екипа кој бил повреден во инцидентот, но тој одбил да коментира. Не успеале, пак, дас пристапат и до самиот Халис, за од него да добијат коментар.

Извор и фото: Индекс.хр

Можеби ќе ве интересира

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ОСУМГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ Е ЕДИНСТВЕНАТА ПРЕЖИВЕНА - страшна несреќа во Јужна Африка: 45 лица загинаа при пад на автобус од мост (ВИДЕО)

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ИСЛАМСКА ДРЖАВА ГО ПОФАЛИ НАПАДОТ ВО МОСКВА: Oбјавија кои ќе бидат нивните следни мети

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ХРАБРА ЖЕНА: Самохрана мајка има два факултети, 2 работни места и пет деца

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ДЕТАЛИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА ДАНКА: Под куќата на семејството Илиќ има големи тунели од рудник

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЕДЕН ОД УАПСЕНИТЕ ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА ПОДНЕЛ ЖАЛБА: Тврди дека е невин

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

ЗОШТО РУСИЈА ПОТФРЛИ ЗА НАПАДОТ: Москва не им верува на Американците?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

КЕЈТ МИДЛТОН НЕ ОТКРИ ДЕТАЛИ: Дали се работи за ран канцер на јајници?

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

ТАЏИКИСТАНЕЦ ДАЛ ПОДДРШКА НА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ: Лицето е уапсено во Санкт Петербург

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест

Од 1 април во Германија се менуваат условите за добивање родителски додаток: Овие граѓани повеќе нема да имаат право на надомест