25 Април, 2024
0.0300

ПОМАЛИТЕ ПАРТИИ МУ ДАВААТ ПОДДРШКА НА ЗАЕВ: Коалицијата е стабилна, да не се замајува јавноста

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Како обиди за замајување на јавноста ги коментира, Демократскиот сојуз на Власите, последните шпекулации околу стабилноста на владината коалиција. Во соопштение потпишано од претседателот на Демократски сојуз Николче Бабовски, актуелен директор на Агенцијата за храна, стои дека мнозинството е стабилно и дека работеле само во интерес на јавноста. Поддршка за владината коалиција стаса и од Демократскиот сјуз на Павле Трајанов. Демокрстскиот сојуз како дел од стабилното владино мнозинство, цврсто стои на ставот дека треба да продолжиме заедно со цел Македонија да се движи напред, велат оттаму. Во текот на денот и други партии ја дадоа поддршката - меѓу нив ВМРО Народна партија на Љубчо Георгиевски и НСДП.

Бабовски велидека за само неколку години оваа коалиција ја врати државата на прав пат, решавајќи ги децениските прашања. 

„Впрочем народот не заборава како е да се живее во затворена земја и режим, а како во демократија со европска иднина. Оваа владина коалиција и покрај сите предизвици како однадвор така и од внатре, останува цврста, обедината и сплотена во намерите да работи за напредокот на земјата и тоа и понатаму останува наша највисока цел. Демократскиот сојуз на Власите и понатаму останува дел од оваа коалиција затоа што препознавме вредности со кои Република Северна Македонија продолжува напред по демократскиот  и европскиот пат, стои во соопштениетоод Демократскиот сојуз на Власите.

Од партијата на Павле Трајанов пак ги повикаа своите членови и симпатизери, како и сите граѓани, на 31 октомври 2021 година, да излезат масовно и да гласаат за кандидатите за градоначалници на Коалицијата Најдоборото за мојата општина.

„Остануваме цврсто определени за реформите кои обезбедуваат да останеме на патот кон Европската унија, да јакне стабилноста и економскиот развој. Само сите заедно можеме да направиме пресврт и во вториот изборен круг да обезбедиме победа, а со тоа поддршка на владините политики кои се во интерес на граѓаните. Демократскиот сојуз, со одбрана на своите принципиелни ставови и активности ќе работи во интерес на сите граѓани како и на развојот на државата, велат од Демократски сојуз. 

ОД ВМРО-НП велат дека  остануваат на своите заложби за континуиран напредок во развојот на демократското општество и стабилен животен стандард како и растот и развојот на македонската економија, а притоа водејќи се од интересот на граѓаните и нивната желба за интеграција во Европското семејство, процес кој оваа Владина коалиција го интензивира заедно со нив како дел од мнозинството.

„ВМРО-Народна партија како дел од Владината коалиција која во моментов држи стабилно парламентарно мнозинство мора да го реализира до крај зацртаниот пат кон конечна интеграција на државата во ЕУ, а тоа може да го направи само со цврста волја и стабилен тим кој го поседува токму оваа коалиција „Најдоброто за нашата општина“, стои во соопштението.

Од НСДП велат дека резултатите од првиот круг на локалните избори, поддршката од граѓаните која ја добиле како коалиција, создава дополнителна обврска да продолжат напред.

НСДП е цврста и единствена во одлуката за останување во владејачкото мнозинство и продолжување по политичкиот пат кој води кон прогрес на државата, за активно партиципирање во креирањето и спроведувањето на национални и локални политики кои се во функција на интересот на сите граѓани. Ги повикуваме граѓаните во вториот изборен круг својота поддршка да ја дадат на коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, затоа што тоа е избор не само за најдобрата понуда за општините, туку и за државата, за стратегиските определби за европеизација на Република Северна Македонија, велат од НСДП.


Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

МИЦКОСКИ: Мобилизацијата на граѓаните ќе биде одговор на евентуален бојкот на СДСМ и на ДУИ на вториот круг

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

ДИК: Tечат роковите од 48 часа за приговори, на трите места во Куманово нема да се прегласува

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

МЕТА: Победата на Силјановска-Давкова ќе биде уште поголема во вториот круг

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Што пишуваат за првиот круг од претседателските избори во Македонија?

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

(ВИДЕО) ГРУБИ СО КУФЕР ДОЈДЕ ПРЕД ОПШТИНА ЧАИР: Сега земете го куферот и одете дома

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

ЕВЕ ВО КОЈА ОПШТИНА ВАНКОВСКА ГО ПРЕТРКА МАКСИМ, А КОЈ ЕЗЕРСКИ ГРАД СЕ ОПРЕДЕЛИ НАЈСИЛНО ЗА ДАВКОВА - гласање во најголемите места во внатрешноста

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

Скендер Реџепи: На 8 мај нема да гласам ни за едниот, ни за другиот

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

„До последно се бореше, следеше настани и не се предаваше“: еве што кажа ќерката на Џаро, за неговите последни денови

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација

КУЌЕН ПРИТВОР И МЕРКА НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО НА ВАЊА: Врховен го преиначи решението на Апелација