Полска не се осуди да гласа на 10 мај
Објавено во: Свет 07 Мај, 2020
Претседателските избори во Полска, првично закажани за в недела (10-ти мај), се одложени на барање на опозицијата заради пандемија на коронавирусот и сè уште не е познато кога ќе се одржат, потврди во средата вечерта претседателот на владејачката партија Право и Правда (ПИС) Јарослав Качински и неговиот коалициски партнер Јарослав Говин.
Изборите закажани за 10 мај нема да се одржат и Претседателот на Долниот дом ќе го објави „првиот можен датум“ за новите избори, порачаа Качински и Говин во заедничката изјава на Твитер. Тие не рекоа ништо за тоа кога би можело да биде одложеното гласање.
Според Уставот и неодамна донесениот закон, изборите би можеле да бидат организирани на 17 или 23 мај. ПИС сакаше да ги организира изборите што е можно поскоро, со цел, тврдат аналитичарите, за да се гарантира победата на претседателот Анжеј Дуда, кој беше член на ПИС.
Левицата и центристичката опозиција остро го критикуваа ставот на ПИС за гласањето заради опасноста од ескалација на епидемијата. ПИС одговори со предлог за дописно гласање на сите гласачи.
Качински и Говин имаа различни мислења за датумот на изборите. Говин, претседател на помалата партија Порозумјение (Слога) не беше за одржување на избори на 10 мај, а Качински беше. Тој конфликт не е спомнат во нивната изјава.
„Претседателот на Сејмот ќе го објави првиот можен датум за новите претседателски избори“, се додава во соопштението.