27 Февруари, 2020
0.0307

Политика на марка на производите

Објавено во: Колумни 23 Јануари, 2020

Наоѓајќи се во трговската мрежа прехрамбените производи можат да бидат со марка или без марка. Без марка се продаваат оние производи, кои не се различни по некакви надворешни и внатрешни белези. Тие се неиндиференцирани во сознанието на потрошувачите и се карактеризираат со неколку особини (белези): не се разликуваат по физички особини, независно дека се произведени од различни фирми, се произведуваат и се нудат на пазарот во масовни количини, врз нив нема никаков знак со кој да се разликува производителот од останатите производители.

   Скоро сите земјоделски производи во примарна форма како и голем дел од тие што се преработени можат да се приклучат кон горната група производи. За потрошувачот е сосема без разлика од каде потекнуваат примарните земјоделски производи кои ги купуваат. Подготовката и преработката на земјоделските суровини се уште не значи дека купецот го поврзува производот со определен производител. Не постои разлика на надворешниот изглед и вкусот на многу масовни производи како свежо овошје и зеленчук, масло, шеќер, сол, месо заради тоа што многу од нив се продаваат на пазарот без марка.

   Марката е дел од идеалните својства на производот. Таа му ја дава уникалноста и му ги зголемува својствата во претствата на потрошувачите. Тоа станува очигледно кај купопродажбата на фирмите, кога цената на одредена фирма со стабилизирана и популарна марка може да ја зголеми цената повеќе од двојно од вредноста на активите.  Кај некои производи, можностите за идентификација се силно ограничени. Производителот на некој примарен земјоделски производ е во состојба да биде поконкурентно способен од другите единствено во сферата на цената. 

Така тој може да го убеди преработувачот да ја прифати неговата продукција, бидејќи од аспект на преработувачот е сеедно од каде ќе купи суровина, (под услов да одговара на соодветни стандарди).

   Зголемувањето на степенот на преработка (стерилизација, замрзнување, вакумирање) на примарните земјоделски производи, можностите за нивното диференцирање, во сознанието на потрошувачите е зголемено. Развојот на амбалажната индустрија создаде можност идентифицирањето на многу производи, па и оние што се одликуваат со маломерно производство да се нудат на пазарот. Со комбинирањето и користењето на оригинални транспорти и потрошувачки пакувања и марки на примарни производи како “Чикита” и “Бонита” за банани, “Доул” за домати, за ананас, “Санкист “и др. 

  Најчесто користените изрази поврзани со марката се следните : марка-име, симбол или специјален знак предвиден да ги идентифицира производите на даден  продавач од останатите. Марката може да биде: име на марката,  збор, букви или именувања кои можат да бидат произнесени гласно, Знак на марката ( марков знак) невербално претставување на симбол со кој се идентифицира производот. Трговска марка – мерка или дел од марка, кои се заштитени од закон и даваат исклучително право на продавачот да ги користи. 

   Давањето име на производ или група на производи само по себе сеуште не означува дека на потрошувачите им е  осигурана правна гаранција за  придружување кон определен квалитет. Тоа ќе се случи тогаш кога марката ќе се регистрира и стане трговска односно кога ќе го добие знакот R. Знакот R ставен после марката значи дека тоа е заштитен со закон.

   Предностите од продажбата на храна со марка можат да бидат обопштени во следните точки:

1.Производот лесно се препознава. Потрошувачот може да направи нарачка кога ќе ја каже марката, без да ја опишува детално стоката.

2.Потрошувачите се убедени дека производот одговара на одреден квалитет и дека тој квалитет останува непроменет кај следната нарачка.

3.Ценовната конкуренција не е толку жестока, бидејќи потрошувачот ги распознава оделните марки и е готов да плати повисока цена за да се снабди со посакуваната марка. 

4.Фирмата го позиционира производот во однос на конкурентите со помош на реклама и други средства во стимулирање на продажбата. Тоа овозможува на потрошувачите да ги изградат или за марката, односно претстава за тоа што претставува производот. 

5.Следната точка претставува можност за зголемување на престижот на производот, бидејќи марката се разликува од сите други.

6.Потрошувачите разликуваат помалку, кога купуваат производ со позната марка, која ги охрабрува во купувањето.

7.Марката овозможува, потрошувачите да бидат сегментирани, бидејќи фирмата може да нуди различни марки производи за различни сегменти (делови) на потрошувачи.

8.Производите со позната марка се прифаќаат многу подобро од трговците и посредниците во маркетинг синџирот. Производител со сопствена марка може да практикува посилна контрола врз другите препријатија (единици) во каналите на реализација.

  Постојат два основни вида на марки: марка на производителот и марка на дистрибутер (на трговец). Марката на производител го содржи името и знак на производителот на прехрабениот производ. Тоа постои во околу 80% од прехрамбените производи продавани во САД. Производителите нудат најчесто разновидна гама од производи со сопствена марка.

   Мерката на дистрибутерот (трговецот) го содржи името и знакот на трговецот на големо и мало. Производите со марка  на трговецот (дистрибутерот) се купува од потрошувачите, кои се склони да направат некои компромиси со квалитет и не можат да си дозволат да купаваат   производни марки.


 

Проф.Д-р Борис Анакиев


Можеби ќе ве интересира

Животот во Водно

Животот во Водно

Продавам работно место

Продавам работно место

Царот и султанот повторно на испит

Царот и султанот повторно на испит

Предизборни математики и комбинаторики

Предизборни математики и комбинаторики

Добри земјоделски практики, придонес за одржливо земјоделство

Добри земјоделски практики, придонес за одржливо земјоделство

Македонската технолошка револуција веќе почна

Македонската технолошка револуција веќе почна