07 Декември, 2025
0.1334

„ПОЛИТИЧАРИТЕ ТРЕБА ДА СФАТАТ ДЕКА СУДСКАТА ВЛАСТ Е НЕЗАВИСНА“: Дамева поднесе оставка од претседател на Судскиот совет

Објавено во: Македонија 02 Декември, 2024 12:16

Добивај вести на Viber

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева поднесе неотповиклива оставка од функцијата, но најави дека ќе остане член на Советот, додека ѝ трае мандатот.

Својата одлука ја соопшти во обраќање до јавноста, во кое истакна дека во изминатиот период политичари од власта правеле обиди да го нарушат нејзиниот личен интегритет.

- Нема слух кај извршната и кај законодавната власт за да се обезбеди брза и ефикасна судска власт, која треба да се обезбеди со финансии. Согласностите за 2024 година беа одбиени, финансиите скратени… Политичарите, претседателот на Владата, изразуваат критики за Судскиот совет, негативен став за судиите. И сметам дека единственото нешто што ми останува е да го зачувам мојот мир и спокојство. Затоа, поднесувам неотповиклива оставка од функцијата – рече Дамева.

Од собраниската говорница политичарите правеа обиди да се наруши мојот интегритет, додаде таа.

- Премиерот Христијан Мицкоски токму од собраниската говорница изнесе наводи дека во Судскиот совет, со кој раководам, има некакви кланови и дека се фалсификуваат записници. Во неколку наврати, тој и политичари од сегашната власт се обраќаа со негативни ставови за членови на Судскиот совет. Сето тоа во насока да се претстави во јавноста дека јас или членови на Советот не ја извршуваме функцијата професионално и стручно. Бевме посочени како тела кои треба да бидат распуштени. Во телевизиско гостување истакна и дека на нашето место треба да дојдат нивни луѓе, претпоставувам дека тоа се однесува на судии или обвинители кои се блиски до владеачката политичка партија. Поразително е за една демократска држава – рече Дамева.

Таа посочи и дека од пратеникот во Собрание, Антонијо Милошоски, биле изнесени закани со кривична одговорност.

Дамева се заблагодари на членовите на Советот, за кои рече дека имаат интегритет. Според неа, мнозинство во Судскиот совет се професионалци.  Рече дека најголема почит има за судиите кои не им се додворуваат на политичарите.

– Длабоко во себе верувам дека судиите се професионални и непристрасни. На тие кои не се, им порачувам: не си играјте со огнот, ја девалвирате судиската функција која не е занает и трговија, туку значи правораздавање. Очекувано е голем број судии кои правораздаваат сами да се огласуваат, а кацерот од нивните редови, сами да го отстрануваат – рече Дамева.

Според неа, политичарите треба да сфатат, дека судската власт е самостојна и независна.

Дамева истакна дека клучно за да ја донесе одлуката за повлекување биле текстовите во медиумите со кои се оцрнувала, а во врска со судска постапка во која странка е компанија на нејзниот сопруг.

Рече и дека лани, кога незаконски ја разрешија од функцијата претседател, се мислела дали воопшто да се врати во Судскиот совет.

– Долго се мислев дали да се вратам како претседател и да останам на функцијата, бидејќи знаев дека поради однесувањето на одредени членови на Советот ќе има критики и опструкции. На тие членови ставот не им бил самостоен, иако преку образложенијата, изгледало така – посочи Дамева.

Таа истакна дека одлуката ја донела за да го заштити својот углед, но и за да го заштити семејството.

На Дамева двегодишниот мандат како претседател на Судскиот совет ѝ истекува задутре, на 4.12.2024 година. Лани беше незаноски разрешена од фунцијата 8 месеци, поради што таа имаше намера мандатот да ѝ биде продолжен за толкав период, но по реакциите, таа денеска се повлече од претседателското место.

Фото: Принтскрин/Фејсбук/МИА

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?

Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето

Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село

Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село