19 Март, 2024
0.0273

ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС И ДРУГИТЕ МЕРКИ ДА ВАЖАТ УШТЕ ЕДНА НЕДЕЛА: Комисијата за заразни болести ваков предлог ќе достави до Владата

Објавено во: Македонија 19 Април, 2021

Добивај вести на Viber

Комисијата за заразни болести на денешниот утрински состанок одлучи да достави предлог до Владата за продолжување на рестриктивниоте мерки за уште една недела.

Извори од Комисијата за Фактор информираат дека целосно ја следат епидемиолошката состојба  и дека има извесно подобрување, но се уште е голем притиското врз болниците. Тоа е главната причина, како што појаснуваат, да предложат продолжување на рестриктивните мерки, односно на полицискуиот час и затворање на угостителските објекти до 27. април.

-Утринава одлучивме да доставиме повторно предлог до Владата, односно до владиниот Кризен штаб, овие мерки кои сега се на сила да опродолжат уште една недела. Практично ќе остамнат на сила истите мерки кои важат до утре, а тоа е забрана за движење на граѓаните после 20 часот до 05 часот изутрина, како и кафулињата, рестораните, кафеаните, сите угостителски објекти да останат затворени. Се предлага и истата мерка, односно забрана на на одржување на семинари, обуки, конференции кои би значеле собирање поголем број луѓе, како и работата на фитнес центрите, вежбалните и така натаму. Значи предлогот е ист за рестриктивните мерки, но наместо до утре бараме да продолжи уште една недела. На ниво на Македонија има некои по0местувања на подобро во однос на епидемиолошката состојба, но, за жал се уште има премногу хоспитализации. Лакувањето трае многу подолго, па од причина што не сакаме да ни се случи целосно блокирање на здравствениот систем ги предлагаме овие рестриктивни мерки, вели за Фактор извор од Комисијата за заразни болести.

Истовремено посочува дека ваквите рестриктивни мерки навистина даваат резултати, а тоа се гледа, како што истакнува, и од постепеното намалување на бројот на новозаразени со корона вирусот на дневна основа.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стејт Департментот ги стави Катица Јанева и Стевче Јакимовски на црната листа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Стејт Департментот ги стави Катица Јанева и Стевче Јакимовски на црната листа

ПЕНДАРОВСКИ: Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети

ПЕНДАРОВСКИ: Ниту јас, ниту мојот Кабинет сме користеле некогаш странски компании за правење на анкети

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија

СТЕВЧЕ ЈАКИМОВСКИ: И Америка и Свети Америка, јас работам во интерес на граѓаните на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ДО СДСМ: Каде им се сега маичките со ликот на Јанева?

ВМРО-ДПМНЕ ДО СДСМ: Каде им се сега маичките со ликот на Јанева?

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Катица Јанева и Стевче Јакимовска на црната листа на САД

ПОРАДИ КОРУПЦИЈА: Катица Јанева и Стевче Јакимовска на црната листа на САД

СЛОВЕНИЈА, БУГАРИЈА И ЦРНА ГОРА СЕ ПРЕД МАКЕДОНИЈА: Дали земјава е привлечна за меѓународните инвеститори?

СЛОВЕНИЈА, БУГАРИЈА И ЦРНА ГОРА СЕ ПРЕД МАКЕДОНИЈА: Дали земјава е привлечна за меѓународните инвеститори?

(ВИДЕО) ДИСЦИПЛИНСКА ЗА ЧЕТВОРИЦА ПОЛИЦАЈЦИ: Гости во локал мавтале со пиштоли, а тие не презеле ништо

(ВИДЕО) ДИСЦИПЛИНСКА ЗА ЧЕТВОРИЦА ПОЛИЦАЈЦИ: Гости во локал мавтале со пиштоли, а тие не презеле ништо

ПО МЕСО ОДЕТЕ ВО ШТИП, А ПО ГРАВ ВО СТРУМИЦА - и покрај „гарантираните цени“ големи разлики од град во град

ПО МЕСО ОДЕТЕ ВО ШТИП, А ПО ГРАВ ВО СТРУМИЦА - и покрај „гарантираните цени“ големи разлики од град во град

Бујар Османи: Протераните 17 руски дипломати ги фатив живи

Бујар Османи: Протераните 17 руски дипломати ги фатив живи