ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ЗА КАМИОНОТ НА СМРТТА: Уапсени се луѓе во Виетнам
Објавено во: Свет 04 Ноември, 2019
Полицијата во Виетнам, денеска уапси уште 8 за кои се верува дека се вмешани во трагичниот настан во кој 39 мигранти починаа во камион.
Тие се товарат за организирање и посредување при заминување на луѓе во остранство и за организирање на нивниот нелегален престој.
Британската полиција пред два дена потврди дека замрзнатите мигранти се од виетнамска националност, полицијата и во Виетнам и во Обедниетото кралство започнаа координирани активности. Виетнамската полиција соопшти дека многу од жртвите потекнуваат од само две провинции во централниот дел на Виетнам. Претходно10 виетнамски семејства пријавија дека нивни роднини исчезнале.
Властите во Велика Британија покренаа голема акција за откривање на криумчарите на мигранти. Таму веќе се уапсени неколку осомничени, освен главниот осомничен, возачот Морис Мо Робинсон од Северна Ирска, во врска со смртта на мигрантите се уапсени уште три лица, маж и жена од Ворингтон и 46-годишен маж од Северна Ирска.
Во петокот беа уапсени две лица. Мигрантите тргнале во Британија во потрага по поубав живот.Британија ќе треба да го преиспита својот пристап кон илегалната миграција. Се верува дека затворањето на границите би можело да значи дека мигрантите ќе бидат одведени кон опасни нелегални рути.