Полицијата сега го бара Мијалков со меѓународна потерница
Објавено во: Македонија 22 Февруари, 2021
Министерството за внатрешни работи ја промени објавената потерница за Мијалков од национална во меѓународна. Нему вчера му е определена мерка куќен притвор со 24-часовен надзор по негово пронаоѓање, односно лишување од слобода, но сè уште се трага по него. Бегството се случува непосредно пред пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“, за масовното прислушување и уништување на опремата. Toj претходно во текот на судењето тврдеше дека нема да бега и дека тоа не е негов стил.