22 Јануари, 2025
0.0314

Полицијата пронашла ранец поврзан со убиството на извршниот директор на United Heltaker

Објавено во: Свет 07 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Њујоршката полиција пронашла ранец во Централ парк за кој верува дека му припаѓа на осомничениот за убиството Брајан Томпсон, извршниот директор на United Healthcarе.

Ранецот е испратен на форензичко тестирање, додека истрагата продолжува трет ден, пишува CNN. Полицијата верува дека осомничениот го напуштил градот по убиството и бара од јавноста да помогне да се идентификува преку снимките од надзорните камери.

Според информациите, клучна трага би можела да биде видеото на осомничениот како се смее, како и физички докази како шише со вода и мобилен телефон пронајдени на местото на злосторството. Ранецот бил внимателно отстранет за да се зачуваат доказите како ДНК.

Полицијата смета дека осомничениот детално го испланирал делото, бидејќи знаел кога ќе помине жртвата и во кој хотел се одржува конференцијата.

Во средата наутро, напаѓачот се приближил до хотелот Хилтон, каде што Томпсон присуствувал на конференција и го застрелал во близина на зградата.

Полицијата соопшти дека напаѓачот продолжил да пука, а потоа побегнал во уличка, каде подоцна бил пронајден телефон поврзан со осомничениот.

Инспекторите веруваат дека напаѓачот користел посебен вид пиштол кој не е лесно достапен на пазарот.

На чаурите пронајдени на местото на настанот биле испишани зборовите „одбиј“, „брани“ и „отфрли“, велат полициски извори.


Можеби ќе ве интересира

ЌЕ УСПЕАТ ЛИ ДА ГО ФАТАТ? Франција издаде нов налог за апсење на Башар Асад поради извршени воени злосторства

ЌЕ УСПЕАТ ЛИ ДА ГО ФАТАТ? Франција издаде нов налог за апсење на Башар Асад поради извршени воени злосторства

КРВАРЕЊЕ ОД ОЧИ, МНОГУ ВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА И СМРТНОСТ ОД 88 ОТСТО – ВИРУСОТ МАРБУРГ Е ОПАСНА ЗАКАНА: Избувна во Танзанија

КРВАРЕЊЕ ОД ОЧИ, МНОГУ ВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА И СМРТНОСТ ОД 88 ОТСТО – ВИРУСОТ МАРБУРГ Е ОПАСНА ЗАКАНА: Избувна во Танзанија

ГИ РАЗГНЕВИ ЛИ ИЛОН МАСК ГЕРМАНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ? Бараат да се укине АФД иако со нив никој не сака да коалицира!

ГИ РАЗГНЕВИ ЛИ ИЛОН МАСК ГЕРМАНСКИТЕ ПРАТЕНИЦИ? Бараат да се укине АФД иако со нив никој не сака да коалицира!

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tрамп потпиша наредби кои ќе донесат промени во САД, во Панама протест поради најавите за каналот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Tрамп потпиша наредби кои ќе донесат промени во САД, во Панама протест поради најавите за каналот

БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТУРЦИЈА СЕ ИСКАЧИ НА 76: Полицијата приведе девет лица

БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИ ВО ПОЖАРОТ ВО ТУРЦИЈА СЕ ИСКАЧИ НА 76: Полицијата приведе девет лица

ДАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ИДЕЈАТА НА ТРАМП: Ниту една земја не може да се послужи со Гренланд

ДАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ИДЕЈАТА НА ТРАМП: Ниту една земја не може да се послужи со Гренланд

МЕДВЕДЕВ: На светот не му треба златното доба на Америка

МЕДВЕДЕВ: На светот не му треба златното доба на Америка

(ВИДЕО) ЖИТЕЛИТЕ НА ПАНАМА СЕ БЕСНИ ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ЗА КАНАЛОТ: Го запалија американското знаме

(ВИДЕО) ЖИТЕЛИТЕ НА ПАНАМА СЕ БЕСНИ ПО НАЈАВАТА НА ТРАМП ЗА КАНАЛОТ: Го запалија американското знаме

(ВИДЕО) СО ВРЗАНИ ЧАРШАФИ ЛУЃЕТО СЕ СПАСУВАА ОД ПОЖАРОТ ВО ТУРЦИЈА: Брзаа да избегаат од огнената стихија

(ВИДЕО) СО ВРЗАНИ ЧАРШАФИ ЛУЃЕТО СЕ СПАСУВАА ОД ПОЖАРОТ ВО ТУРЦИЈА: Брзаа да избегаат од огнената стихија