ПОЛИЦИЈАТА ИНФОРМИРА: Пријавата за напад е лажна
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2021
МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна.
„Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила. Им благодариме на граѓаните за трпението, и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата“, велат од полицијата.
Попладневно МНТ и околните институции беа евакуирани по дојава за бомба.
фото тв 21