24 Април, 2024
0.0273

Полицијата го утврди идентитетот на 17-мина навивачи од вчерашната масовна тепачка во Штип

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Полицијата го утврди идентитетот на 17 навивачи кои вчера учествуваа во масовна тепачка во Штип пред натпреварот Брегалница - Тиквеш, а двајца се уапсени откако со тврд предмет и пиротехничко средство нападнаа и повредија полицаец.
„На 28.11.2020 околу 13.20 часот на ул. „Борис Кидрич“ и ул.„Партизанска“, кај кружниот тек во Штип, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу навивачките групи на ФК Брегалница од Штип и ФК Тиквеш од Кавадарци. Полициски службеници кои вршеле службени дејствија со намера да го спречат нарушувањето презеле соодветни дејствија. При тоа полициски службеник од страна на Н.Д.(20) и Х.Ѓ.(21) двајцата од Кавадарци бил нападнат со тврд предмет и со пиротехничко средство.

Против Н.Д. и Х.Ѓ. ќе биде поднесна кривична пријава за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“ по чл.383 ст.1 од КЗ. Од страна на полициски службеници од СВР Штип и СВР Велес - ОВР Кавадарци се преземени координирани мерки при што до сега е утврден идентитетот на 17 учесници во овој настан. Лицата се повикани на информативен разговор во службените простории, а се преземаат мерки за утврдување на идентитетот и на останатите учесници во настанот. По целосно документирање и против останатите инволвирани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, информира МВР.


Можеби ќе ве интересира

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ЌЕ БИДЕ ПРЕМЕСТЕН ВО ДРУГО УЧИЛИШТЕ: Надлежните ќе преземат мерки против ученикот кој истепа наставничка

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира

ИНДЕКС НА ЧОВЕКОВИОТ РАЗВОЈ: Македонија лошо котира