ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ ЗА ПОДМЕТНУВАЊЕ ПОЖАРИ: Маж од Канатларци запалил сува трева
Објавено во: Македонија 13 Август, 2024
Полицијата уапси прилепчанец за подметнување пожар.
Се работи за 29-годишен маж од прилепското село Канатларци.
„Тој се сомничи дека околу 19.00 часот кај место викано „Корија“ во атарот на село Канатларци предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема“, велат од полицијата.
Во согласност со член 227 од Кривичниот законик, за ова дело се предвидува казна затвор од најмалку осум години доколку настапи пожар од поголеми размери. Полицијата уапси лица во скопско, радовишко и други делови од земјава за предизвикување на пожари. Ширум Македонија летово има многу пожари.