ПОЛИЦИЈАТА ГИ УАПСИ: Измамиле милион и пол луѓе
Објавено во: Свет 19 Мај, 2019
По барање на Пекинг, руската полиција уапси двајца кинески државјани на аеродромот Хабаровск, кои се товарат за проневера на 1,9 милијарди во пирамидална измама, соопшти портпаролката на руското Министерство за внатрешни работи, Ирина Волк, а пренесе „Тасс“.
Уапсените се 41-годишен маж и 66-годишна жена кои биле дел од криминален клан. Како што рече Волк, тие биле меѓу лидерите на кланот, кои со цел за успешна измама направиле финансиска организација од над 50.000 членови.
Кинезите се уапсени од сообраќајната полиција на аеродромот Хабаровск по иницијатива на Националното биро за Интерпол, а во рамки на прекуграничната соработка со Министерството за јавна безбедност на Кина.
Според првичните проценки, повеќе од милион и пол луѓе се оштетени од оваа измамничка шема во вредност од 13,4 милијарди јуани (1,9 милијарди долари).