ПОЛИЦАЕЦОТ МОРАЛ ДА ПУКА: Нападнат полициски службеник во Кратово
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2022
На улицата Ѓорги Какашевски во Кратово, полициски службеници од Полициската станица Кратово го лишиле од слобода Д.П.(33) од Кратово, затоа што физички нападнал и со остар предмет се обидел да повреди полициски службеник кој извршувал службени дејствија.Притоа, полицискиот службеник испукал два предупредувачки куршуми во воздух. По преземени мерки било утврдено дека Д.П. претходно физички нападнал едно лице, а оштетил влезна врата и инвентар во еден маркет. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.