20 Април, 2024
0.0265

ПОЛИЦАЕЦ СЕ ПОЛАКОМИЛ ЗА 100 ЕВРА МИТО - сега е во притвор

Објавено во: Македонија 28 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Б.Џ., полициски службеник во Одделението за безбедност на патниот сообраќај, СВР Скопје, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “примање поткуп“, по член 357 став 1 од КЗ на РСМ.

„Пријавениот на 24-ти овој месец во својство на полициски службеник, искористувајќи ја својата службена положба и овластување, а со намера да прибави противправна имотна корист, побарал и примил поткуп во износ од 6.000 денари, а со цел да не изврши службено дејствие, односно да не му издаде платен налог на оштетениот за наводно сторен прекршок во сообраќајот, иако во рамките на своето службено овластување морал да го изврши. Подоцна истиот ден пријавениот ја примил паричната награда“, велат од МВР.

По поднесувањето на кривичната пријава, таа е доставена до ОЈО ГОКК и Б.Џ. е изнесен пред Судија на претходна постапка, кој му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.

Истовремено, отпочната е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежната комисија, од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ОСМАНИ ОСТАНУВА НА СВОЈОТ СТАВ: Владата ќе одлучи за иднината на Отворен Балкан

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

АПАСИЕВ ЗА ИЗЈАВАТА НА МИЦКОСКИ: Не верувај им на ДПМНЕјците, дури и кога ти носат подароци

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

Директорот на „Стрежево“ купил 4,5 пати поскап ратрак на старо

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

ДАВКОВА ИЛИ ПЕНДАРОВСКИ, ТАРАВАРИ ИЛИ ОСМАНИ, ВМРО-ДПМНЕ ИЛИ СДСМ - еве кој води на најновата анкета на ЦРПЦ

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите

Боки 13: Да се расчисти случајот „Рекет“ и да се каже каде се парите