20 Април, 2024
0.0256

ПОЛЕТАА АВИОНИТЕ НА „ЕР СРБИЈА“: Отворен аеродромот „Никола Тесла“, за патниците не е потребен корона тест

Објавено во: Балкан 22 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Српската авио-компанија „Ер Србија“ од денеска ги обнови комерцијалните летови. Првите патници заминаа во Цирих и во Франкфурт. Српските власти од денеска ги отворија државните граници, најавувајќи дека сите кои влегуваат во Србија, како домашни, така и странски државјани немора да имаат негативен тест за корона вирусот, ниту пак да одат во самоизолација. Според помошник министерот за авио-сообраќај, Зоран Илиќ, се се одвива како и пред вонредната состојба во Србија, но сега мора да се почитуваат мерките за заштита.

Задолжително мора да се носат за време на целиот лет маски, по желба визири и ракавици, а аеродромот е целосно опремен со средства за дезинфекција и направена е физичка дистанца.

Според уредничката на Магазинот „Бизнис“, Радојка Николиќ, ова e почеток на враќање на животот во нормала. Сепак во емисијата „За економијата“ на РТС, Николиќ вели:

-Се прилагодуваме на новите околности, епидемијата полека изминува и сега имаме нова реалност. Авио, патничкиот сообраќај и туризмот неповратно загубија приходи, кои макотрпно ќе ги повратуваат. Несигурноста е се уште голема.

Што се однесува до копнените граници ќе има извесни прпблеми. Уредникот на емисијата САТ, Младен Алвировиќ вели се додека не се отвори границата со нашава земја, од 1. јуни ќе може да патуваат во Грција преку Бугарија.

-Не се дефинирани конкретните процедури на границите. Клучна информација очекуваме од Северна Македонија. Заради претстојниот празник таму, очекуваме дискусијата за отворање на границите да биде дури во текот на следната недела, вели Алвировиќ.


Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

ВУЧИЌ ЗА КОСПОНЗОРСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

СРПСКИ МЕДИУМ: Братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ починал од насилна смрт

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ПРАВАТ СЀ ЗА ДА СЕ „ОТКАЧАТ“ ОД ТУРИСТИТЕ - една од најпопуларните европски атракции е избришаnа од GOOGLE и APPLE MAPS

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

ГРЦИТЕ БИ САКАЛЕ ДА ГИ ИЗБЕГНАТ „ПАТЛИЏАН“ ТУРИСТИТЕ: Еве каква храна се одзема на граница и што е забрането да се носи при влез

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

„МИЛОШ, МИ ЈА НЕМА ДАНКА!“: Еве како таткото на малото девојче дознал дека му исчезнало детето - го опиша секој детал

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ, ВО РЕГИОНОТ ЌЕ ПАДНЕ ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ СНЕГОВИ ЗА ГОДИНАВА: Следува многу постудено време

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

НА ЕДНА ПЛАНИНА ВО СОСЕДСТВОТО ИМА ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА: Стрикленд Металс влезе во „профитабилната српска игра за злато“

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ДАЧИЌ: Дали Османи зборува во името на цела Северна Македонија, македонскиот или албанскиот народ?

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест

ПАРЛАМЕНТОТ НА РЕПУБЛИКА СРПСКА ГО НЕГИРА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА: Велат дека го подигнуваат нивото на национална свест