20 Април, 2024
0.0200

Пол Погба чини, но и продава многу

Објавено во: Спорт 15 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Премиер лигата е дефинитивно најочекуваното и најследеното првенство меѓу фудбалските навивачи ширум светот. Со преференциите кон саканиот тим доаѓаат и симпатиите кон омилениот играч. Англиски Индепендент ги претстави топ 10 на најпродаваните дресови на фудбалери кои играат во Премиер лигата.

Сосема нормално, во листата влегуваат цели 4-ца играчи од еден од најпопуларните англиски клубови во светот - Манчестер Јунајтед.

10. Маркус Рашфорд, Манчестер Јунајтед

18-годишниот напаѓач е дете на „црвените ѓаволи“. Во оваа сезона тој постигна 4 гола во 9 натпревари.

9. Еден Азар, Челзи

Ѕвездата на „сините“ дојде на „Стемфорд Бриџ“ во текот на летото на 2012 година. Офанзивниот халф има на сметка вкупно 215 натпревари и 57 гола во дресот на Челзи.

8. Димитри Паје, Вест Хем

Францускиот фудбалер премина во Премиер лигата во текот на летото на 2015 година. Во последните две сезони постигна 14 гола во 44 натпревари во дресот на „чеканите“.

7. Садио Мане, Ливерпул

Сенегалскиот репрезентативец премина на „Енфилд“ ова лето откако веќе има означени 3 гола во 7 натпревари.

6. Давид де Геа, Манчестер Јунајтед

Голманот на „црвените ѓаволи“ помина на „Олд Трафорд“ во 2011 година. Од тогаш 25-годишниот шпански репрезентативец има запишано вкупно 233 натпревари во дресот на Јунајтед.

5. Филипе Кутињо, Ливерпул

Бразилскиот фудбалер е дел од составот на „црвените“ од 2013 година. Офанзивецот постигна вкупно 32 гола во 153 натпревари до сега.

4. Месут Озил, Арсенал

Германскиот репрезентативец пристигна на „Емирати“ во 2013 година. Поранешниот играч на Реал Мадрид, истакна вкупно 22 гола во 123 натпревари во дресот на „топџиите“.

3. Алексис Санчез, Арсенал

Чилеанскиот репрезентативец премина во англискиот клуб од Барселона во текот на летото на 2014 година. Напаѓачот на „топџиите“ се запиша 47 пати во 100 натпревари.

2. Златан Ибрахимовиќ, Манчестер Јунајтед

Швеѓанецот премина кај „црвените ѓаволи“ во летнаиот трансфер прозорец од тимот на Пари Сен Жермен како слободен агент. Tой веќе се појави 11 пати во игра, запишувајќи на сметката 6 гола во дресот на Јунајтед.

1. Пол Погба, Манчестер Јунајтед

Најскапиот трансфер во историјата на фудбалот Пол Погба се покажа и најомилени меѓу навивачите на Премиер лигата. Oд почетокот на сезоната, сепак тој не импресионира со настапите на теренот, и дури напротив. Францускиот репрезентативец се запиша само еднаш во осум натпревари во дресот на „црвените ѓаволи“.