20 Април, 2024
0.0276

Нема студенти, нема џагор - ентузијазмот останува: Поинакво чествување на патронатот на УКИМ

Објавено во: Мои пари 22 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје традиционално секоја година со низа свечености ги одбележува „24 Мај“ –  Денот на светите Кирил и Методиј и патронен ден на Универзитетот и годишнината од своето основање.

За жал оваа година, за прв пат од своето постоење, УКИМ ја завршува тековната академска година на нетрадиционален начин, во вонредна и исклучително неизвесна состојба. Злото што со себе го донесе вирусот Covid-19 донесе големи промени во животот и секојдневието во целиот свет. Како резултат на пандемијата, исто како  насекаде во светот амфитеатрите, предавалните, аулите и лабораториите на УКИМ, веќе трет месец се празни. Нема студенти, нема џагор. Користејќи го своето огромно знаење и искуство, согласно сите расположливи човечки, материјални и техничко-технолошки ресурси, УКИМ за многу кратко време успешно се адаптираше на новонастанатата ситуација и продолжи со својата работа и во овие вонредно тешки услови. Веќе трет месец, наставата на факултетите на УКИМ се одржува онлајн со користење на  повеќе платформичиј избор е оставен на самите факултетите и на професорите.

Наставата, работата, животот на УКИМ, се поинакви денес. Поинакво е и чествувањето. Наместо традиционалната програма богата со настани и учесници, денес, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски и Георги Божиновски, претставник на Универзитетското студентско  собрание положија свежо цвеќе пред споменикот на патроните на УКИМ, светите браќа Кирил и Методиј, кој се наоѓа на платото на универзитетскиот кампус за општествени науки. На споменикот, во чест на државниот празник „24 Мај“ свежо цвеќе положи и делегација на Владата на Република Северна Македонија , предводена од техничкиот премиер г. Оливер Спасовски, а во чиј состав беа и д-р Арбер Адеми, министер за образование и наука и г-ѓата Зорица Апостолска, министер без ресор, задолжена за странски инвестиции. Делегација на Кабинетот на Претседателот на РСМ, предводена од генералниот секретар г. Миле Бошњаковски, исто така положи свежо цвеќе. Деканите и директорите на единиците на УКИМ, се приклучија во чествувањето на патроните со положување на свежо цвеќе. Чинот на положување свежо цвеќе се одвиваше во текот на целиот ден заради протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.

Оваа година, чествувањето на патронатот е поинакво, нема молебен, нема наградување на најдобрите студенти, нема промовирање на почесни звања и титули, нема свечена академија, нема концерти или други уметнички перформанси... Ги откажавме и ќе продолжиме да ги одржуваме кога ќе се создадат безбедни услови за нивно одржување, безбедни за животот и здравјето на сите.


Во оваа пригода, со должна почит и висока пиетет би сакал да посветам неколку зборови за нашите патрони, рамноапостоли и сесловенски просветители браќата Кирил и Методиј кои имаат голема улога не само во православната македонска туку и во сесловенската историја,  за да се потсетиме на нивното дело и  духовно-просветителската мисија, на заветот и на традицијата која ја оставиле зад себе и која е длабоко вкоренета во образовната, научната и културната традиција на македонскиот народ. Како многу пати досега, повторно искрено ја признаваме нашата немоќ да ги пронајдеме вистинските зборови, вистинските јазични средства да ја изразиме нашата благодарност за делото на светите браќа Кирил и Методиј. Составувањето на првото словенско писмо и преводот на евангелските книги, епохалното дело на словенските сопокровители Кирил и Методиј имало религиозни мотиви, но успеало на наша среќа и радост да ги надмине и идеолошките и територијалните рамки и да влезе во светската културна ризница како сесловенско писмо. Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература,  заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Заради  огромната важност на нивната мисија, денес тие се патрони на Европа – признание дадено од Ватикан со цел да се потенцира нивното значење за единството на европските народи. Светите браќа Кирил и Методиј од страна на Светата црква се прогласени за рамноапостолни поради нивните заслуги за афирмацијата на христијанската вера.

Голема благодарност за делото на нивните следбеници, нивните верни ученици Климент и Наум не само што  продолжиле да ја негуваат и развиваат словенската писменост туку почнале да ја шират и да ја зацврстуваат низ целиот словенски свет. Тие успеале да ја зачуваат словенската духовна слобода и да создадат расадник од каде што се ширеше словенската писменост и култура. Охридската книжевна школа што ја создадоа Климент и Наум и од која излегоа 3.500 нивни ученици, стана најразвиено словенско културно средиште во IX и Х век, односно првиот словенски универзитет.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје останува доследен на своите заложби во реализацијата на својата мисија, да го продолжи и зацврстува својот развоен од како универзитет посветен на негувањето и на интернационалната афирмација на традиционалните обележја и вредности на македонскиот народ (македонскиот јазик, историјата, литературата и културата), но истовремено да ги негува и културните вредности на другите етнички заедници во РМ.


Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга