25 Април, 2024
0.0266

“Погледни лево десно, стигни до училиште лесно”, сообраќајна едукација за ученици поддржана од ИутеКредит

Објавено во: Мои пари 20 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Како општествено одговорна компанија, ИутеКредит во својата стратегија вклучува и проекти од јавен интерес, а еден од нив е и квалитетното образование.

Симболично по повод европската недела на мобилност, ИутеКредит го посети основното училиште “Димитар Миладинов” во Скопје, кадешто во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата учениците од второ одделение имаа интерактвно предавање на тема Сообраќај.

Што всушност е сообраќај? Што значат светлата на семафорите? Како правилно се поминува и движи на улица? Што означуваат сообраќајните знаци? – беа само дел од прашањата на кои се дадоа одговори и се учеше правилно учество во сообраќајот.

Дополнително, како специјален гостин на предавањето, учениците имаа можност да го запознаат Игор Стефановски-Иџе, Европски шампион во рели трки и заштитно лице на ИутеКредит. Од него, како искусен учесник во сообраќајот учениците можеа да слушнат корисни совети за движење, брзина и претпазливост како правила за возење во автомобил.

Основното училиште “Димитар Миладонов” во Скопје е првото во низата посети кои ИутеКредит ќе ги реализира и во другите градови во државата во наредниот период и ќе допринесе за сообраќајната едукација кај учесниците во сообраќајот од најмала возраст.

Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка