28 Март, 2024
0.0253

Поевтине природниот гас: Цената ќе се намалува уште

Објавено во: Економија 08 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Регулаторната комисија за енергетика прави премсетки за намалување на цената за пренос на природен гас. Според првичните пресметки намалувањето ќе биде за околу 12 отсто. Пониската цена ја одложи вонредната состојба, но намалувањето секако ќе се реализира во следниот период. Во истовреме се намалува и набавната цена на енергенсот што значи дека компаниите кои користат гас за својата работа ќе имаат понизок трошок. Од Макпетрол за Фактор велат дека намалувањето на набавната цена на гасот се одразува и на малопродажната цена на метанот, а веќе од вчера тој енергенс се продава за три ипол денари помалку односно чини 36 денари за килограм. Компанијата е снабдувач на природен гас на пазрот и веќе подолг период инвестира за проширување на примената на компримиран природен гас односно метан за возила.

Од оваа компанија велат дека набавната цена на природниот гас од почетокот на овој месец е намалена за 48 долари.

„Во согласност со договорот за снабдување со природен гас со долгогодишниот деловен партнер „Газпром Експорт“ - Руска Федерација, набавната цена на природниот гас од 1 јули годинава е намалена за 48 долари/1000 Нм3. Ова намалување на набавната цена за нас како снабдувач со природен гас на домашниот пазар ќе ни овозможи формирање на пониска квартална цена за нашите деловни партнери, кои во тековниот квартал ќе добијат цена пониска за 20 отсто во однос на цената во претходниот квартал. Имено, намалувањето на набавната цена ќе се одрази и на намалување на малопродажната цена на метанот. Почнувајќи од 7 јули метанот се продава по малопродажна цена пониска за 3,5 денари, односно за 36 денари за килограм, велат од Макпетрол за Фактор.

Додаваат дека според нивните предвидувања во следниот квартал очекуваат повторно намалување на набавната цена што, како што велат позитивно ќе влијае на формирање пониска продажна цена на природен гас и метан на домашниот пазар. Велат дека граѓаните терба да користат еколошки горива кои ја заштитуваат и животната средина.

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски пред неколку дена изјави дека намалувањето на цената за пренос на гас ќе го намали трошокот за индустријата, но и за топланите што пак би ја намалило цената за топлинската енергија, за која цените ќе се формираат во јуни следната година. Тоа според Бислимовски е влог и во засилена гасификација на државата.

Природниот гас, под популарно име „сино гориво“, претставува стратешки енергенс на сегашноста и блиската иднина поради неговите карактеристики што го прават супериорен во однос на другите видови енергија.

„Макпетрол“ прв инвестираше во изградбата на Гасоводот во Македонија што се протега од бугарската граница до Скопје, со капацитет од 800 милиони кубни метри годишно.
„Макпетрол“ е инвеститор на станица за компримиран природен гас во кругот на ЈСП Скопје што служи за полнење на автобусите. Максималниот капацитет на постројката изнесува стотина автобуси за седум до осум часа.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“