Подготвени ли се Брнабиќ и Дачиќ за признавање на Косово?
Објавено во: Балкан 23 Март, 2018
Српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ изјави денеска дека иако постојат притисоци властите никогаш нема да ја прифатат еднострано прогласената независност на Косово.
Тој во интервју за телевизијата РТС наведе и дека не очекува ништо спектакуларно од денешните разговори во Брисел. Рече дека Србија нема заради европскиот пат да ги жртвува националните интереси.
Српската премиерка, Ана Брнабиќ изјави дека за решавање на проблемот со Косово „мора да се земат во предвид позициите и на двата народа“. Таа вели дека Србија е подготвена да учествува во решавањето на проблемот на зрел и одговорен начин, но земјата нема да го признае постоењето на друга држава на своја територија.
Весникот „Данас“ објави дека „одредени дипломатски кругови тврдат дека Aлександар Вучиќ има рок до јуни да го престави планот за Косово, за во декември 2018 или во јануари 2019 да се мениува Уставот на Србија“.