ПОДГОТОВКИ ЗА ПОЧЕТОК НА УЧИЛИШНАТА ГОДИНА: Израел воведува брзи тестови за учениците
Објавено во: Свет 02 Август, 2021
Новиот план на
Израел за отворање на училиштата следниот месец предлага употреба на брзо
тестирање кај учениците кои биле во контакт со пациенти болни од ковид, наместо
да ги испраќа директно во карантин, објави ТВ Канал 12.
Медиумската куќа наведува дека како дел од планот, во наредните месеци до шестото одделение во основно училиште ќе бидат спроведени серолошки тестови на деца, со цел да се утврди дали имаат антитела, објави „Тајмс оф Израел“.
Според предлогот, учениците кои имаат антитела ќе продолжат да одат на училиште и ќе бидат тестирани доколку дојдат во контакт со заразено лице, додека учениците без антитела ќе треба да прават тестови цела недела.
ФОТО: Healthline