19 Април, 2024
0.0245

ПОЧНУВААТ КАВГИТЕ ЗА ЕКОНОМИЈАТА - министерката Ангеловска ќе го брани првиот свој буџет

Објавено во: Финансии 24 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Најзначајниот економски документ, буџетот, од утре е на разгледување на матичната собранска Комисија за финансирање и буџет. Точката за предлог буџетот е веќе ставена на дневен ред на комисијата.

Министерката за финансии Нина Ангеловска ќе има прилика да го брани пред народните избраници првиот свој буџет, откако годинава тоа го стори со ребалансот на годинашнава државна каса. 

Таа ќе треба на опозициските, но и на владејачките пратеници, да им објасни зошто е најдобо 3,9 милијарди евра народни пари да се потрошат на начин на кој тоа го скроија владините министри, и да ги убеди дека економските политики и мерки што ги планира власта ќе вродат плод за подобар животен стандард на граѓаните, но и за поповолни услови за работа на компаниите.

Согласно Деловникот за работа на Собранието, вообичаено за расправа на Комисијата за буџет на пратениците им се дадат на располагање 10 дена, од кои пет за општа дискусија, а пет за расправа и гласање по амандманите. 

Според нашите сознанија, пак, на 16 декември е предвидено предлог буџетот за идната година да се најде на пленарна седница на Собранието, каде пратениците имаат на располагање уште пет дена да дебатираат, а потоа и да гласаат за националната каса. 

А опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе го „нападне“ предложениот буџет за идната година со голем број амандмани, најверојатно меѓу 300 и 400 предлози за корекции на владината верзија за тоа како идната година треба да изгледа националната каса.

ВМРО-ДПМНЕ годинава најмногу ќе се концентрира на ниските капитални инвестиции, за кои Владата идната година предвидува сума од 383 милиони евра, или, како што велат, целосниот недостиг од капитални инвестиции. 

„Со амандманите ќе бараме за капитални инвестиции да се издвојат поголеми суми, а парите за таа намена да се префрлат од високо предвидениот износ за договорни услуги, како и од другите непродуктивни трошоци што ги бара власта“, велат од опозициската партија. 

Власта минатата година првично предвиде сума од над 400 милиони евра за капитални расходи, но со оглед што постојано има нивно потфрлање, реши оваа година да ги проектира на, како што наведе, реални основи.

Инаку, Буџетот за идната година е предвидено да тежи 3,9 милијарди евра, што е најголем буџет досега, а се базира на планиран раст од 3,8 отсто, и буџетски дефицит од 2,3 проценти од БДП.

( Н.Н.Ф.)

Можеби ќе ве интересира

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

ЗА 100 ИНВЕСТИРАНИ МНОГУ БРЗО ДОБИВАТЕ 10.000 евра: Криптовалутите станаа најбезбедна инвестиција, а пазарот покажува раст на цените

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

Генерали Инвестментс: Централните банки ги држат пазарите на капитал во неизвесност

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

„ВО ХРВАТСКА СЕ СЀ НАПЛАЌА, ДУРИ И ТУШОТ НА ПЛАЖА“: Сместувањето рипна на 90 евра од ноќевање, сезоната се уште не е започната, а многумина предвидуваат пропаст

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ГОТОВО Е: Познат е датумот кога ќе заврши „копањето“ на биткоин

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

ОСНОВНАТА КАМАТА ОСТАНУВА ВИСОКА ДО СМИРУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА - Народна банка: „нивото сѐ уште е над историскиот просек“

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

„БЕЗ ТРАНСПАРЕНТНОСТ И ОТЧЕТ СЕ ТРОШАТ ОКОЛУ 10 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НАБАВКИ ВО УЧИЛИШТАТА СО ПАРИ ОД РОДИТЕЛИТЕ“: Истражување на Центарот за граѓански комуникации

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

СО ВАКВА ЗАРАБОТКА САМО НЕБОТО Е ГРАНИЦА: Еве како работеше Белград на вода во 2023 година

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ДОБРО РАЗГЛЕДАЈТЕ ГИ МОНЕТИТЕ ОД ДВЕ ЕВРА ШТО ГИ ИМАТЕ ДОМА: Можеби имате вредна паричка од пет илјади евра, а тоа не го знаете

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“

ВО ИНТЕРВЈУ ЗА ЈУТАРЊИ, ЖИВКО МУКАЕТОВ ОТКРИВА: „Во Хрватска се отвара уште една фирма, за деловните активности на ‚Алкалоид' во Европа“