24 Април, 2024
0.0271

ПОЧНУВА СКРИНИНГОТ НА УЧЕНИЦИТЕ: Дел од родителите согласни, други не сакаат да слушнат

Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2021

Добивај вести на Viber

Во девет средни училишта во Скопје, денеска стартува најавениот скрининг на учениците при што ќе бидат тестирани 258 ученици, со цел рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на ковид-19 меѓу учениците.

Во текот на изминатата недела родителите добиваа прашалници за согласност од страна на училиштата. Некои од родителите, како што велат за Фактор, без проблем се согласиле нивните деца да бидат тестирани.

-Уште минатата недела го добивме прашалникот. Мојата ќерќа беше на списокот за тестирање и јас се согласив иако ние дома сме сите вакцинирани. Но, сметам дека е добро да се прават вакви превентивни тестирања само побрзо да ја надминеме оваа криза која веќе предолго трае. Добро е барем што учениците оваа година одат во училиште, па доколку има некое позитивно дете, навреме да се изолира и да не дојде до нови жаришта на ковид, особено во улилиштата. Тоа што го слушаме и што читаме за Србија е навистина алармантно, бидејќи тамошните лекари се борат за животите на најмладите, од бебиња до деца, еве на возраст на мојата 17-годишна ќерка. Нека има и скрининг и тестирања, се што треба, само да успееме како држава да се избориме со вирусот, вели родител на 17-годишно девојче, која е трета година во една од скопските гимназии.

Од друга страна, пак има и родители кои не сакаат да слушнат на нивните деца да им се зема брис или да се прават какви било скрининзи за ковид-19. Сметаат дека тоа нема да придонесе за искоренување на корона вирусот.

-Едноставно не сакам и не дозволувам. Се противам и на вакцинирањето на најмладите. Мојот син не ни беше на листата за дека кои по случаен избор треба да бидат тестирани, но јас секако сум против ваквиот начин на детектирање на корона вирусот. Да имаат децата симптоми, да покажуваат какви било знаци на болест, во ред, но вака, едноставно не сакам, вели родител на 13-годишен ученив во едно од основните училишта во Скопје.

Здравствените власти посочуваат дека тестирањето на учениците, ќе се спроведува во просторија одредена од страна на училиштето, и ќе трае помалку од една минута. Уверуваат дека тоа е безболно и безбедно, односно како што и досега се прават ПЦР-тестирањата, со земање на брис од грло и од носна шуплина.

-Целта на скринингот е рано детектирање и евентуално пронаоѓање на асимптоматски носители на ковид-19 меѓу учениците. Со релевантните податоци ќе се добие целосна слика на трансмисија на вирусот во училиштата, во интерес на децата, информираат од Министерството за здравство.

Со скринингот треба да бидат опфатени повеќе од 8.000 ученици, а по Скопје, тестирањето ќе продолжи и уште во Кривогаштани, Берово, Вевчани, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Конче, Лозово, Могила, Новаци, Пехчево, Старо Нагоричане и Центар Жупа.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ЈСП ОСТАНА БЕЗ НАЈПОЗНАТАТА ЖЕНА ШОФЕР НА АВТОБУС: Макфире Шакири замина на печалба

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ВАЖНО ЗА ГРАЃАНИТЕ: Готовите лични документи можат да се подигнат и денеска

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ДОКТОР БЕЌАРОВСКИ СЕ ЗАБЛАГОДАРИ НА ЈАВНОСТА: Ви благодарам на сите за поддршката

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ГРАЃАНИТЕ ГЛАСААТ ЗА ШЕФ НА ДРЖАВАТА: Право да гласаат за својот фаворит имаат 1.814.317 граѓани

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ЕВЕ КОГА МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАМЕ ПОСТАБИЛНО И ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ: До петок времето ќе биде прилично променливо

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Гласаа изнемоштените, осудениците и иселениците, гласањето помина мирно

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

ЗА СЛУЧАЈОТ СО ЈИЛДИЗ ВЕАПОСКА: Со супервештачење ќе се утврдува одговорноста на лекарите

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

АГЕЛЕР: Гласачите на оваа земја треба да поставуваат тешки прашања на кандидатите, а потоа мора да гласаат

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица

ПО ПОЛНОЌ ЛЕПЕЛЕ ПЛАКАТИ: Тетовската полиција уапси две лица