28 Март, 2024
0.0252

Почнува новата наградна игра на Макпетрол - „ВЕРНА секогаш со вас“

Објавено во: Мои пари 26 Февруари, 2020

Добивај вести на Viber

Новата наградна игра на Макпетрол АД за 2020 година, од „ВЕРНА секогаш со Вас“, започнува на 1 Март, а извлекувањето на главната награда ќе биде на 7 декември годинава. Компанијата ги наградува верните потрошувачи веќе пет години по ред. Во меѓувреме бројот на членови на ВЕРНА се зголемува и моментно има 190.000 членови. 

од компанијата велат дека се поголемата заинтересираност е поради лојалноста на клиентите и нивното задоволство од компанијата. 

„Следејќи ги современите светски стандарди, постојано се стремиме кон што поуспешно задоволување на потребите на потрошувачите. Токму затоа, нашите бензински станици ги конципираме како мултифункционални услужни објекти, односно места во кои патниците ќе можат да добијат се што им е потребно. Бројноста на членовите на ВЕРНА програмата јасно го отсликува  задоволството на нашите лојални потрошувачи. Оваа наградна игра е начин да ја изразиме благодарноста за довербата која ја добиваме со секој литар купено гориво или производ во нашите продавници. Наше задоволство е кога гледаме дека истата е широко прифатена и е истовремено уште еден успешен проект на нашата компанија.“кажа Мишко Тасевски, раководител на Секторот маркетинг во Макпетрол.

Претходните четири години преку ВЕРНА платформата и наградните игри, од компанијата кажаа дека добиле можност да се запознаат со среќните добитници и одблиску да ја почувствуваат нивната радост, без разлика дали станува збор за доделување на симболична или пак една од главните награди.

„Макпетрол како водечка компанија во областа на малопродажба на нафтени деривати во државата и оваа година ќе продолжи со низа инвестиции за модернизирање на постојните капацитети, со единствена цел – создавање на подобри услови за нашите потрошувачи. При тоа, дополнително се трудиме да ги зголемиме и поволностите за корисниците на Верна програмата за лојалност. Како лидер во својата област, секако дека имаме и поголема одговорност, најмногу кон потрошувачите.


Затоа секогаш се стремиме кон одржување на квалитетната услуга и создавање нови погодности, целосно посветени на потребите на корисниците. Затоа, денес со особено задоволство, како одговор на довербата која ни ја даваат нашите потрошувачи, најавуваме почеток на уште една наградна игра преку која нашите лојални потрошувачи ќе имаат можност да се стекнат со голем број вредни награди.

Верувам дека главните критериуми за учество се веќе добро познати на сите. За почеток треба да бидете член на платформата ВЕРНА, а потоа со секоја извршена трансакција на бензинските станици на Макпетрол ги впишувате стекнатите ВЕРНА поени на вашата членска картичка. Со секои впишани од 10 до 19 поени на Вашата Верна картичка добивате една шанса за награда. Доколку впишете 20 и повеќе поени добивате 2 шанси за награда. Колку повеќе трансакции, толку шанси за добивка!“ – истакна Зоран Доневски директор на Дирекција за големопродажба на Макпетрол.

Потрошувачите ќе имаат можност својата среќа да си ја пробаат во девет редовни, три мастер и едно финално коло, со тоа што извлекувањето на главната награда ќе биде одржано на 7 декември.

Во редовните кола, компанијата секој месец подарува: лаптоп Dell, викенди за двајца во хотелите на Макпетрол, 10 ваучери за гуми, 10 ваучери за Лубекс моторни масла, 10 ваучери за Кристал Кар средство за стакла, 10 ваучери со Верна поени во вредност од 1000 денари.

Главни награди оваа година ќе бидат доделени во три мастер и едно финално коло се: 

1 скутер HondaPCX 125, 1 мотор Honda Z125M, 1 гумен чамец Highfield Ocean

Master 420со мотор Tohatsu 30 КС и приколка.

Финалната награда за 2020 година ќе биде прекрасната Honda CR-V Elegance Navi.

„Досега, во изминатите четири години во наградната игра учествуваа околу 4 милиони квалификувани трансакции, а подаривме 2000 награди на нашите верни потрошувачи. Би сакал овие бројки да бидат поттик за оние кои сеуште не се дел од семејството ВЕРНА да аплицираат и да станат потенцијални добитници. За оние потрошувачи кои сеуште не извадиле картичка Верна, тоа можат да го сторат уште денес со пополнување на податоци во најблиската бензинска станица на Макпетрол, а со првата трансакција од 10 поени да станат и дел од новата наградна игра.“ – додаде Доневски.


Можеби ќе ве интересира

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Склучен Меморандум за соработка со Кроација осигурување АД, Друштво за неживотно осигурување Скопје

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Општина Центар е лидер во промени, Иницијативата за конфискација на дивоградби се преточи во закон

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Прилепска Пиварница одбележува 100 години постоење

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Откријте го врвното искуство на гледање со FUEGO Electronics и новата серија 720GTV на Google TV

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

Сликовницата „Рокчето“ од Никола Маџиров ќе биде промовирана во Струмица на Светскиот ден на книгите за деца

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

САМО СО DINERS CLUB КУПЕТЕ МЕБЕЛ И ПРОИЗВОДИ ЗА ДОМАЌИНСТВО СЕГА, А ОДЛОЖЕТЕ ГО ПЛАЌАЊЕТО ЗА ЈУНИ

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Македонски Телеком ја гаси старата 3G технологија

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Комерцијална банка го одржа редовното Годишно собрание на акционери

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село

Макстил станува стратешки партнер на СОС Детско село