ПОЧНУВА МАСОВНА ДЕПОРТАЦИЈА: И тоа во еден од омилените градови на Македонците во САД

Објавено во: Свет 18 Јануари, 2025
Новата здминистрацијата на Доналд Трамп уште во првиот ден од својата работа оди во акција на апсење нелегални имигранти и тоа во Чикаго, објави синоќа „Волстрит журнал“ повикувајќи се на лица запознати со плановите.
Во вторник идната недела, ден по инаугурацијата на Трамп, започнува голема акција за масовна депортација на лица нелегало дојдени во САД, кои се претежно јужноамериканци, а дел од ветувањата на новоизбраниот претседател дадени во текот на изборната кампања во 2024 година. Според изворите, акцијата ќе трае цела недела и во неа ќе бидат анажирани од 100 до 200 службеници од имиграциската и царинска служба.
Кандидатурата на Трамп за претседател беше пропратена со со многу смело ветување – да се спроведе најголемата масовна депортација во историјата на САД.
Се бараат оние кои направиле лесен или тежок криминал но и разни прекршоци како нарушување на сообраќајот а кои администрацијата на Бајден не ги гонеше. Воедно, ако бидат затекнати за време на акцијата, ќе бидат апсени и оние без документи за престој.
Чикаго е избран како пример на град каде се дава засолниште на овие лица и се применуваат политики за ограничување на соработката со федералните имиграциски власти, јавуваат изворите. Во Чикаго има голем број имигранти кои би можеле да бидат потенцијални цели и поради конфликтот што постои меѓу тимот на Трамп и градоначалникот на Чикаго, пишува весникот.
Том Хоман, новиот цар за прашања околу границите, минатиот месец на празнична средба го најави градот како прва станица во акцијата за фаќање нелегални имигранти. А потоа следуваат и останатие големи имигрантски центри како Њујорк, Лос Анџелес, Денвер и Мајами.
МИАМожеби ќе ве интересира
НЕБЕНЗЈА ГИ ОТКРИ АПЕТИТИТЕ НА РУСИЈА: Сакаат уште украински територии?

РУБИО: Договорот за ставање крај на војната во Украина мора да биде прифатлив за сите

ЗАВРШИЈА АМЕРИКАНСКО-РУСКИТЕ РАЗГОВОРИ ЗА УКРАИНА: разгледани сите прашања

НЕВЛАДИНИТЕ ШИРУМ СВЕТОТ СО АПЕЛ ДО ЕВРОПСКИТЕ ЛИДЕРИ: „Давајте итно пари за да се надомести загубата од американските, мора да се спасува демократијата“

ОТКРИЕНО КАДЕ Е ЗЕЛЕНСКИ ДОДЕКА АМЕРИКАНЦИТЕ ПРЕГОВАРААТ СО РУСИТЕ: Украинскиот претседател не е поканет во Ријад, еве што ќе направи

Дали ќе биде историска фотографија?Рубио и Лавров седнаа на преговарачка маса

НЕПОЗНАТИ ДЕТАЛИ ПРЕД РАЗГОВОРИТЕ ВО РИЈАД: „Американските компании загубија 300 милијарди долари по напуштањето на Русија

„ВИСЕВМЕ КАКО ЛИЛЈАЦИ“: патниците и членовите на екипажот ја преживеаја авионската несреќа во Торонто, има повредени (ВИДЕО)

ОВА Е НАЈЗНАЧАЈНАТА СРЕДБА МЕЃУ САД И РУСИЈА: Денес почнуваат разговорите меѓу двете земји
