09 Октомври, 2024
0.0235

ПОЧНА ПРОЦЕСОТ НА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТНИТЕ СТАПКИ - кредитите поевтинуваат, депозитите уште се држат, ама до кога

Објавено во: Финансии 30 Септември, 2024

Добивај вести на Viber

Почна процесот на намалување на каматните стапки во земјава, барем на оние на кредитите кои што банките им ги одобруваат на граѓаните и компаниите. 

Додека, пак, каматите на депозитите се уште „се држат“, но евидентно е дека и кај нив во брзо време ќе стартува процесот на спуштање по надолна линија. 

Овие податоци на Народна банка на Македонија се однесуваат на август годинава, што значи пред да се случи неодамнешното прво после подолг период намалување на основната камата од монетарната власт во земјава. 

Како што е познато, на 17 септември годинава, Народна банка на Македонија ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, со што таа од 6,30 отсто, се сведе на 6,025 отсто, што се толкува како прво и повнимателно олабавување на монетарната власт во земјава.

„Во август 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,44 отсто и е намалена на месечна и на годишна основа за 0,02 п.п. и 0,05 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити забележа месечен и годишен раст од 0,03 п.п. и 0,41 п.п., соодветно и изнесува 1,96 отсто. Кај просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во август е остварен месечен и годишен пад од 0,08 п.п. и 0,49 п.п., соодветно и изнесува 5,04%. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, во август, е намалена за 0,33 п.п. на месечна основа и изнесува 2,43 отсто, при годишен раст од 0,26 п.п“, се вели во објавата од Народна банка на Македонија. 

Можеби ќе ве интересира

НАШИОТ ПОЗНАТ БАНКАР АНТОНИО АРГИР ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БОРДОТ НА НЛБ ПРИШТИНА - дополнителна функција во рамките на НЛБ групацијата

НАШИОТ ПОЗНАТ БАНКАР АНТОНИО АРГИР ЌЕ БИДЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА БОРДОТ НА НЛБ ПРИШТИНА - дополнителна функција во рамките на НЛБ групацијата

КОМУ СМЕ МУ ГИ ДОВЕРИЛЕ НАШИТЕ ПАРИ - еве кои се „милијардери“, а колку има и во другите банки

КОМУ СМЕ МУ ГИ ДОВЕРИЛЕ НАШИТЕ ПАРИ - еве кои се „милијардери“, а колку има и во другите банки

ГОЛЕМ РАСТ НА ПЛАЌАЊЕТО СО МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН - граѓаните се повеќе се насочија кон дигиталните методи за купување

ГОЛЕМ РАСТ НА ПЛАЌАЊЕТО СО МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН - граѓаните се повеќе се насочија кон дигиталните методи за купување

БУРАТА СЕ СМИРИ, ДВЕТЕ БАНКИ ПРОДОЛЖУВААТ ПО СВОЈОТ ПАТ, НО ИНВЕСТИТОРИТЕ НЕ МИРУВААТ - блок трансакција со акциите на Комерцијална, кој плати 78 илјади евра

БУРАТА СЕ СМИРИ, ДВЕТЕ БАНКИ ПРОДОЛЖУВААТ ПО СВОЈОТ ПАТ, НО ИНВЕСТИТОРИТЕ НЕ МИРУВААТ - блок трансакција со акциите на Комерцијална, кој плати 78 илјади евра

ГЕРМАНСКИТЕ ПЛАТИ СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ДОЖИВЕАТ ШОКАНТНИ ПРОМЕНИ: Ова се точните износи на промените, некои ќе бидат намалени и за 160 евра

ГЕРМАНСКИТЕ ПЛАТИ СЛЕДНАТА ГОДИНА ЌЕ ДОЖИВЕАТ ШОКАНТНИ ПРОМЕНИ: Ова се точните износи на промените, некои ќе бидат намалени и за 160 евра

„НА ЕВРОПА И ТРЕБААТ ПОСИЛНИ БАНКИ“: Шефицата на ЕЦБ вели спојувањето на Уникредит и Комерцбанк е тест

„НА ЕВРОПА И ТРЕБААТ ПОСИЛНИ БАНКИ“: Шефицата на ЕЦБ вели спојувањето на Уникредит и Комерцбанк е тест

АКЦИОНЕРИТЕ НА ТТК БАНКА ЌЕ БИРААТ ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР - еве зошто академик Камбовски доби позитивно мислење

АКЦИОНЕРИТЕ НА ТТК БАНКА ЌЕ БИРААТ ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР - еве зошто академик Камбовски доби позитивно мислење

ЗОШТО НЕ СЕ ДОГОВОРИЈА И ЗОШТО НЕ СЕ НАПРАВИ УШТЕ ПОМОЌНА БАНКА - Комерцијална и Стопанска Битола продолжуваат сами, има ли добитници и губитници

ЗОШТО НЕ СЕ ДОГОВОРИЈА И ЗОШТО НЕ СЕ НАПРАВИ УШТЕ ПОМОЌНА БАНКА - Комерцијална и Стопанска Битола продолжуваат сами, има ли добитници и губитници