Почна аплицирањето за финансиска поддршка за произведено и предадено грозје
Објавено во: Агробизнис 06 Ноември, 2018
Почна рокот за поднесување барања за финансиска поддршка од еден денар за произведено и продадено грозје од сортите „вранец“ и „смедервка“ во регистриран капацитет за производство на вино во Македонија, соопшти денеска Платежната агенција.
Агенцијата информира дека земјоделците кои ги исполнуваат условите, може да ги поднесат барањата по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство најдоцна до 25 декември. Заедно со барањето, земјоделците треба да достават и потрда за откупено грозје, издадена од регистриран капацитет за производство на вино.