29 Март, 2024
0.1003

Починатиот 36-годишен пациент имаше дијабетес и масивна пневмонија, водеше тешка битка со Ковид: Д-р Стевановиќ за Фактор

Објавено во: Македонија 23 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Починатиот 36-годишен пациент е примен на Инфективната клиника во Скопје на 19 октомври, а бил поставен на неинвазивна вентилација ден подоцна, информира за Фактор Милена Стевановиќ директор на Клиниката за инфективни болести. Тој е еден од четворицата пациенти од Скопје кои во изминатото деноноќие ја изгубија битката со корона вирусот.

„При прием, пациентот имал масивна пнеумонија и сатурација од 75 проценти. Пациентот бил со прекумерна тежина и имал дијабетес мелитус, тип 2 за која примал терапија, HTA, вели д-р Стевановиќ за Фактор.

Досега во Македонија од компликации од коронавирусот починаа 883 луѓе. Во последното деноноќие, како што информираше Министерството за здравство починати се девет лица. 

Меѓу починатите има и помлади лица. Освен пациентот кој имал 36 години починатите од Скопје имаат 53 години, 60 и 65 години. Пациентот кој починал, а е од Штип имал 66 години, еден е од Радовиш со 72 години, еден од Струмица кој имал 71 година додека лицето од Пробиштип имало 75 години. Починат е и пациент од Македонска Каменица кој имал само 44 години. 


Можеби ќе ве интересира

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ПРАШИНА И ПЕСОК ОД САХАРА - топлотен бран над Балканот и пошироко, температурите и УВ индексот повисоки од просекот

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ОВА СЕ ЦЕЛОСНИТЕ ПРАТЕНИЧКИ ЛИСТИ НА ВМРО-ДПМНЕ - еве кој ќе се натпреварува за собраниско столче во следниот парламентарен состав

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата