Почина Наќе Стојановски, поранешен пратеник од редовите на СДСМ
Објавено во: Македонија 14 Мај, 2021
На 71-годишна возраст денеска почина Наќе Стојановски, поранешен пратеник од редовите на СДСМ.
„Почина Наќе Стојановски, истакнат член на СДСМ, пратеник во три мандати, и вршител на други важни должности меѓу кои и директор на Централен регистар. Ќе ги паметиме неговата истрајност, смисол за хумор, скромноста и пред се другарството. Почивај во мир Наќе. Сочувство до најблиските!“, напиша на Фејсбук, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.
Стојановски беше пратеник во Собранието во три мандата, од 1991 до 1994, од 1994 до 1998 година и од 1998 до 2002 година.